Вести:
Tools
Нов истражувачки проект на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 Мај 2016 13:04

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија започна со проект кој ќе се фокусира на истражување на тема: "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи", поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS и НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

Истражувањето кое официјално започна во март и ќе трае до октомври 2016 година ќе биде во насока на истражување на генералните ставови и јавното мислење во однос на евроатлантските интеграции и нивните ефекти врз целокупниот меѓуетничките односи во земјата.

Теренското истражување што ќе се состои од телефонски анкети и онлајн прашалници ќе се спроведува на целата територија на Република Македонија. Истражувањето ќе биде заокружено со спроведување на четири работилници и трибини во четири градови во Македонија со различен етнички состав. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на научна конференција која ќе се одржи во завршна фаза на проектот.

 

Публикации

INTER