Вести:
Tools
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во нов истражувачки проект поддржан од програмата CIVICA Mobilitas PDF Печати Е-пошта
Среда, 13 Јули 2016 11:51

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија овој месец започнува со нов истражувачки проект поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS на тема: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на Евро-Атланските интеграции". Проектот ќе трае до декември 2017 и ќе вклучува истражување (кое ќе се состои од теренски и онлајн анкети) и организација на 4 работилници во четири града во Македонија.

Проектот има за цел поттикнување на активно учество на младите луѓе во Македонија во градењето на демократските процеси, како предуслов за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури. Проектот цели да постигне активен придонес во процесот на евро-атлантските интеграции преку развивање на дијалог, градење на капацитети и вмрежување на младите и младинските организации, студенти и студентски организации, подмладоците на политичките партии и млади професионалци.

Се очекува проектот да ја подигне свеста, да ја зголеми соработката и вмрежувањето и и да ги промовира евро-атлантските вредности помеѓу младите во Македонија.

 

Публикации

simulacija5