Вести:
Tools
Завршна Конференција на ЕАСМ - дел од проектот "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи" PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 Октомври 2016 10:56

ERA

На 11ти ноември 2016 година (петок), во просториите на ЕРА Центар Скопје, Дипломатска Сала, со почеток од 10:30 часот, Евро-Атланскиот Совет на Македонија ќе организира конференција која е дел од проектот насловен "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи".

Истражувањето кое траеше 6 месеци беше насочено кон испитување на јавните ставови и мислења во однос на ефектите кои би ги имале евроатлантските интеграции врз целокупните меѓуетнички односи во земјата. Покрај истражувањето, ЕАСМ организираше и 4 јавни дебати во 4 плански региони во Македонија кои покрај презентирање на резултатите имаа за цел да ја подигнат свесноста за овие значајни прашања надвор од главниот град.
Целта на завршната конференција е да ги претстави резултатите од истражувањето, како и да поттикне дебата за поврзаноста на евроатлантските интеграции и унапредувањето на меѓуетничките односи во земјата.

 

Публикации

INTER