Вести:
Tools
ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 Август 2018 14:32

АТА Македонија со огромно задоволство го најавува проектот – „ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ“, а кој е директно поддржан од Министерството за Одбрана на РМ и НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Брисел.

Целта на школата е да обезбеди основно познавање за НАТО, вклучително за неговата структура, политики, операции и др. актуелни прашања поврзани со Алијансата, но и да придонесе за информираноста и зголемување на младиот кадар во АРМ потпирајќи се на едукативни и информативни алатки. Учесниците ќе се здобијат со високи теоретски и практични знаења, ќе имаат можност да слушаат предавања за НАТО, безбедноста, одбраната, да се инволвираат во дебати, да бидат дел од неколку студиски посети, да разговараат со припадници на НАТО и Армијата, да се запознаат со основните задачи и одговорности и да научат што подразбира службата во АРМ.

 

Публикации

INTER