Вторник, 09 Јули 2019 07:41 |
По донесувањето на историскиот договор за пријателство и добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија, од голема важност се младинската соработка, мобилноста и влчученоста на младите. Практичното искуство кое го има Бугарија од членството во ЕУ и НАТО, може да биде од корист за младината од нашата држава во насока на креирање талентирани идни креатори на политика кои би ги стекнале вештините и знаењето од бугарското досегашно искуство на ова поле. Со цел исполнување на овие цели, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, работи на проект насловен: ”Зајакнување на младината со цел активна партиципација во процесите на донесување одлуки”. Овој проект ќе придонесе кон програмите за помош на државата преку изградба на младински капацитети и поттикнување на мултикултурализмот што ќе значи зајакнување на безбедноста и развојот, како повисоки цели на овие програми. Исто така, ќе ги поддржи практиките за добро владеење и ќе ја подигне едукацијата на нашата младина.
|