Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО Студентска симулација: средба на НАТО министри за одбрана
НАТО Студентска симулација: средба на НАТО министри за одбрана PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 Декември 2012 13:45

Имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настани од ваков карактер во државата се покажаа како многу успешни и интересни за студентите, министерството за одбрана на Република Македонија и воената академија “генерал Михајло Апостолски” – Скопје, во коорганизација со високите образовни институции во државата и Евро – Атлантскиот Совет на Македонија организираа студентска конференција на тема: НАТО и Авганистан: ИСАФ мисијата и понатаму.



Настанот, практично беше младински самит на кој студентите симулираа состанок на НАТО министрите за одбрана и министрите за одбрана на А5 земјите на темата Авганистан. Настанот беше од високо едукативно ниво затоа што им овозможи на студентите поблиску да се запознаат со проблемите на НАТО, безбедноста и меѓународната политика и овојпат со специјално внимание на ИСАФ мисијата. НАТО студентската симулација е младински проект и рефлектира сценарио на вистински состанок на Северно Атлантски Совет во формат на министри за одбрана.

Учесници на симулацијата беа студенти од универзитети во Република Македонија кои беа адекватно подготвени за симулацијата, да ги претставуваат земјите членки на НАТО, земјите партнери, Авганистан, новинари и интернационални организации.

Оваа студентска симулација беше трета од овој вид во Република Македонија, и четврта во организација на ЕАСМ.

Специјален гостин на симулацијата и нејзин покровител беше д-р Фатмир Бесими, министер за одбрана на Република Македонија. Практично, министерството за одбрана на Република Македонија ја препозна важноста на проектот и директно ја поддржа младината на Евро – Атлантски Совет на Македонија. Настанот се одржа на 20 декември 2012 година во Дом на АРМ, Скопје.

 

 

Публикации

simulacija5