ЈАТА Македонија на меѓународна конференција во Хрватска: НАТО – достигнувања и предизвици Печати
Четврток, 16 Април 2015 11:30

Во периодот од 8 до 10 април 2015 година делегација на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија предводена од претседателот Илија Џугуманов на покана на Евро-Атлантскиот Совет на Хрватска зема учество на меѓународната конференција „НАТО – достигнувања и предизвици“ која се одржа во Загреб, Хрватска.

1

Конференцијата за безбедност и соработка во Загреб традиционално се одржува веќе 15 години.

Самиот настан беше организиран од Евро-Атлантскиот Совет на Хрватска со поддршка на Министерството за одбрана на Хрватска. Темите на конференцијата беа посветени на положбата на земјите на Балканот во рамки на НАТО и идните предизвици за регионот.

2

Во рамки на конференцијата свое обраќање имаше претседателот на Хрватска г-ѓа Колинда Грабар Китарович, која истакана дека Хрватска е цврсто уверена дека вратата на НАТО мора да остане отворена за други држави кои бараат членство во Алијансата. Свое обраќање имаа и Началникот на генералштабот на хрватските вооружени сили г-дин Драго Ловрич, заменик-министер за одбрана г-ѓа Вишња Тафра, претседателот на светската атлантска организација г-дин Фабрицио Лучиоли како и претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Хрватска, г-дин Радован Вукадинович.

3

По официјалното отварање, следеше делот за младите каде што преку дискусија и неколку часовна расправа беа разговарани сите безбедностни и одбранбени дилеми со кои се соочува регионот на западен Балкан, со акцент на младите.

Учесници на конференцијата беа делегации и претставници од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Македонија.

4

Покрај претседателот на ЈАТА Македонија, г-дин Џугуманов на конференицјата учествуваше и г-дин Христијан Конески, член на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

5