Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ
Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 Декември 2015 11:21

Во време кога Европа и светот се справуваат со најразлични модерни безбедностни предизвици, а тоа посебно се одразува на регионот, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија останува посветен на својата мисија, а тоа е промоција на евро-атлантските вредности, потребата и бенефитите од интеграцијата.

mkeunato

За таа цел, во пресрет на 2016та година, на 18ти декември 2015 година Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ја организираше конференцијата на тема: ”Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ”.

На овој настан Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО и ЕУ, како и ги истакна сите реформи кои земјата ги има направено досега.

1

Говорници на настанот беа:

Г-дин Исмет Рамадани, Претседател, Евро-Атлантски Совет на Македонија (АТА Македонија)
Г-дин Илми Селами, Заменик Министер за одбрана на Република Македонија (домаќин на настанот)
Г-дин Бартон Ј. Путни, Заменик шеф на мисијата, Амбасада на САД во Република Македонија
Г-дин Тибор Варади, Прв Секретар и Политички советник, ЕУ мисија, Скопје
Проф. Д-р Стево Пендаровски, аналитичар/ универзитетски професор

Настанот го модерираше г-дин Илија Џугуманов, член на претседателство на Евро-Атлантски Совет на Македонија/ претседател на ЈАТА Македонија.

2

Г-дин Исмет Рамадани се обрати на учесниците со кратко образложение за функционирањето и организацијата на АТА Македонија и потоа, тој се премина на новите безбедносни предизвици и на нивното влијание врз Евро-Атлантските интеграции. Тој ја нагласи важноста на регионалната соработка и споделувањето на Евро-Атлантските вредностите. Тој додаде дека ни се потребни институционални, политички и интелектуални капацитети за Македонија да стане полноправна членка на НАТО.

3

Г-дин Илми Селмани го започна својот говор со поентата дека индивидуите се повеќе ранливи на новите безбедносни закани од државите. Тој истакна дека соработката меѓу државите е повеќе од потребна, како и соработката на национално, регионално и на мултилатерално ниво, со цел да се надминат овие закани. Тој, исто така, укажа дека Македонија се соочува со исти или слични закани како и земјите од Евро-Атлантската област и дека Македонија треба да се посвети на развивање и унапредување на своите одбранбени и безбедносни способности.

4

Говорот на господинот Putney беше фокусиран на важноста од соработка меѓу државите со цел да работат заедно во спротивставувањето на екстремизмот. Тој го поздрави напредокот што Македонија го направи со криминализирањето на регрутацијата и учеството во странски вооружени конфликти како превентивна мерка против екстремизмот.

Г-дин Варади истакна дека проширувањето останува клучна задача на ЕУ. За време на својот говор, тој посебно се осврна на потребата од реформирање на државата и негувањето на добрососедските односи, социјалната кохезија и развивањето на конструктивен и сеопфатен дијалог за успешна интеграција.

5

Говорот на господинот Пендароски беше фокусиран на моменталните неконвенционални закани и мерките кои треба да се преземат за да се сузбијат. Тој посочи дека сите ние се соочуваме со истите ризици и закани, но мотивот на терористите да нападнат на Балканскиот регион е значително помал. На крајот, тој се осврна на главните пречки и бариери кои ја спречуваат Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО.

6

На крајот од самиот настан, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, со покровителство од Министерството за Одбрана на Република Македонија организираше новогодишен коктел.

 

 

Публикации

simulacija5