Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|6та НАТО Студентска Симулација – Повик за учество
6та НАТО Студентска Симулација – Повик за учество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 Март 2016 12:43

saem

Имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настаните од ваков карактер во државата се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија по шести пат организира студентска симулација, оваа година на тема:

НАТО Студентска Симулација: НАТО непосредно пред Самитот во Варшава

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледуваат глобалните прашања непосредно пред самитот во Варшава и идните предизвици за Алијансата. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на глобалната безбедностна слика и каде се наоѓаат партнер земјите од Југоисточна Европа.

Критериуми: Учесници на симулацијата потребно е да бидат студенти на додипломски или последипломски студии со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО. Симулацијата претставува интерактивен настан и за него студентите потребно е да се соодветно подготвени за прашањата за НАТО, безбедноста како и за национални прашања поврзани со земјите членки на НАТО и партнерите.

Материјали за подготовка на кандидатите како и насоки за работа ќе бидат дадени од страна на претставници на Евро-Атлантски Совет на Македонија на инфо брифингот кој ќе се одржи една недела пред финалниот настан/студентската симулација. Во текот на целата недела предн настанот, секој од студентите ќе биде во контакт со тимот на Евро-Атлантски Совет на Македонија со цел да му се помогне и да се припреми за улогата по сите процедури.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 14ти април 2016 година (четврток) до 15:00 часот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , наслов: “Апликација за студентска симулација”. Исто така во прилог треба да достават кратка биографија и писмо на мотивација, не подолго од 300 збора (на англиски јазик). Поради ограничените капацитети на симулацијата пријавите ќе ги прифаќаме континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“. За дополнителни информации слободно обратете се во канцеларијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 02/316 22 21 или пак на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Настанот ќе се одржи на 26 април 2016 година (вторник) во ЕРА Центарот на Скопски Саем.

Секој од учесниците ќе добие сертификат за учество.

Проектот е поддржан од НАТО секторот за јавна дипломатија, Брисел.

 

Публикации

simulacija5