Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЈАТА Тренинг за Социјални Мрежи
ЈАТА Тренинг за Социјални Мрежи PDF Печати Е-пошта
Недела, 29 Мај 2016 18:27

nato recurtiments big

На 24ти мај 2016, делегација од младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија), учествуваше на работилница за социјални мрежи во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

ile

Нашите делегати Г-дин Илија Џугуманов, Претседателство на АТА Македонија и Претседател на ЈАТА Македонија и Г-ца Дина Арнаут, извршен директор за социјални мрежи, учествуваа на работилницата заедно со делегати од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција.

dina

Овој тренинг успешно служеше како прилика за нашата организација да се вклучи уште повеќе во социјалните мрежи и да ја продолжи промоцијата на евро – атлантските вредности на уште подобар начин.

Оваа работилница се состоеше од две сесси со високи говорници, испратено со прашања, дебата и квалитетни дискусии.

Настанот го отвори Г-дин. Зсолт Рабаи, Програм Службеник, Дивизија за Ангажман на НАТО и накратко ги брифираше учесниците за НАТО агендата за претстојниот Самит во Варшава.

Програмa:
09:15    Брифинг и дискусија за НАТО агендата за претстојниот Самит во Варшава од страна на Г-дин. Зсолт Рабаи, Програм Службеник, Дивизија за Ангажман на НАТО – НАТО Дивизија за Јавна Дипломатија

10:30    Брифинг и дискусија за партнерствата на НАТО со посебен фокус на Балканот, од страна на Г-дин. Лори Вокер, Службеник, Секција за Евро – Атлантско и Глобално Партнерство, Политика и Безбедност

11:30    Брифинг и дискусија за справување со предизвиците од Југот и Северот, од страна на Г-дин. Габриел Касконе, Службеник. Секција за Стратешка Анализа, Дивизија за Безбедносни Предизвици

12:30    Ручек

14:00    Брифинг и дискусија за дигиталниот досег на НАТО и Развивање на Он-лајн Технологија, од страна на Г-дин. Пол Магис, Центар за Комуникациски Технологии, Дивизија за Јавна Дипломатија

14:50    Брифинг и дискусија за Социјалните Мрежи на НАТО: Најдобри начини за креирање на материјал и водење на каналите, од страна на Г-дин. Николас Ман и Г-дин. Аксел де Мил, Координатори, Социјални Медиуми на НАТО, Дивизија за Јавна Дипломатија

15:40    Брифинг и дискусија за Дигитална Аналитика на НАТО: Надгледување и Извршување, од страна на Г-дин. Френки Саегерман, Дигитални Аналитики, Дивизија за Јавна Дипломатија

Овој тренинг за социјални медиуми претставува успешна соработка помеѓу ЈАТА Македонија и НАТО, но и помеѓу делегатите од регионот.

Работилницата за Социјални Мрежи е целосно поддржана од Дивизијата за Јавна Дипломатија на НАТО.


 

Публикации

simulacija5