Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Кранс Монтана Форум
Кранс Монтана Форум PDF Печати Е-пошта
Среда, 06 Јули 2016 12:51


Како признание на професионалноста, посветеноста и личните квалитети, Претседателот на ЈАТА Македонија, г-дин. Илија Џугуманов, присуствуваше на Кранс Монтана Форумот - Нови Лидери за Утре, од 29ти јуни до 1ви јули 2016 во Виена, откако беше предложен од страна на Генералниот Секретар на АТА, г-дин. Џејсон Вајсман.

IMG 1

Кранс Монтана Форумот е меѓународна организација, чија важност и престиж постојат уште од 1986та година. Формално е признаена од страна на сите големи Меѓународни организации и блиску соработува со истите.

Кранс Монтана Форумот работи на промоција на меѓународната соработка и придонесува кон глобалниот раст, во исто време обезбедувајќи висок степен на стабилност, еднаквост и безбедност.

Свесни за клучната улога на младината во изградбата на похуман и поправичен свет, Кранс Монтана Форумот, со цел да одговори на аспирациите на младите лидери, го формираше Кранс Монтана Форумот на Нови Лидери за Утре.

IMG 7179

Овој форум претставува избрана група на млади донесувачи на одлуки, избрани поради нивните исклучителни професионални достигнувања и искуство во лидерство, бизнис и владеење од  Африка, Арапскиот Свет, Источна Европа, Централна Азија, Јужна Америка и далечниот исток.

Заедно, тие формираат активна заедница која што ќе се обрати на главните предизвици на 21виот век и којашто ќе промовира соработка на релација Југ – Југ. Новите лидери добиваат целосна поддршка од организацијата и можност да учествуваат на сите Форуми и Самити организирани од страна на Кранс Монтана Форумот.

IMG 6957

Г-дин. Илија Џугуманов сега е дел од оваа заедница каде што, покрај останатото, се дискутираа и следниве теми:
-    Економски развој во Африка и земјите во развој и финансирање на инфраструктура – сесија поддржана од страна на мароканската агенција за соларна енергија;
-    Артикулирање и вклучување на спортот во државните институции – во соработка со УНЕСКО;
-    Балансирање на улогата помеѓу малите и големите држави (Централно – Источна Европа како нова Светска Сила);
-    Бранот на мигранти во централна и источна Европа – во соработка со УНОДЦ;
-    Подобрување и координација на национални ресурси;
-    Раст, регионална соработка и интеграции;
-    Зголемување на заедницата на нови лидери од централна и источна Европа;
-    Национална и глобална безбедност;
-    Подобрување на бизнис клима и привлекување странски инвеститори;
-    Улогата на жените во националниот процес на донесување одлуки;
-    Економски развој, инвестирање во индустрии, климатски промени и нивните последици;
-    Управување со кризни ситуации;
-    Промоција на глобален дијалог помеѓу Парламентите и религиите;
-    Иднината на земјите од Свилениот Пат.

Некои од високите претставници, говорници и гости на овој форум беа: Г-дин. . Jean – Paul Carteron, Основач на Кранс Монтана Форумот, Г-дин. Филип Вујановиќ, Претседател на Црна Гора, Г-дин. Бујар Нишани, Претседател на Албанија, Г-дин. Штефан Филе, поранешен европски комесар за проширување, Г-дин. Стјепан Месиќ, поранешен Претседател на Хрватска, Г-дин. Michael Haupl, Градоначелник на Виена, Г-дин. Lamberto Zannier, Генерален Секретар на ОСЦЕ, Г-дин. Jianzhong LU, основач на Стопанската Комора на земјите од Свилениот Пат и многу други.

IMG 7263

На завршната церемонија, Г-дин. Илија Џугуманов доби награда од Кранс Монтана Форумот, која што му беше доделена од страна на Г-ѓа. Hakima El Haite, Министер за Животна Средина на Мароко.

 

IMG 7271

Со ова достигнување, Г-дин. Илија Џугуманов стана дел од друштвото на претходни и сегашни претставници на овој Форум, како што се: Н.Е. Г-дин. Киро Глигоров, поранешен Претседател на Македонија, Н.Е. Д-р. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Македонија, Г-дин. Јован Борозанов, Директор за развој и инвестиции на Макпетрол, Г-дин. Илоски Кире, Амбасадор, Г-дин. Освит Росоклија, Министер во Амбасадата во Австрија и други.

За целосната програма од Кранс Монтана Форумот на Нови Лидери за Утре, кликнете тука.

 

Публикации

simulacija5