Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Прва Трибина – Тетово
Прва Трибина – Тетово PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Октомври 2016 13:21

t3

Почнувајќи од март, а официјално најавувајќи го за време на НАТО месецот – април 2016, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија продолжи со активно спроведување на проектот насловен:

“Влијанието на Евро – Атлантските интегративни процеси врз меѓу – етничките односи во Република Македонија“

Овој проект има за цел истражување и испитување на јавните ставови и мислења околу индиректните и директни ефекти на Евро – Атлантските интеграции, врз односите помеѓу етничките заедници во државата.

Проектот е составен од неколку фази и тоа: start – up Конференција, истражување (примарно квалитативно истражување, телефонски и он-лајн анкети, како и истражување на медиумските наративи во оваа област), организација на четири трибини/работилници, издавање брошура со препораки и завршна Конференција.

t1

Четирите трибини кои ќе се организираат до крајот на октомври 2016 во четири градови/плански региони во Република Македонија имаат за цел промоција на резултатите од истражувањето и стимулирање дискусија за овие важни теми.

Од овие причини, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) на ден 6ти октомври 2016та година, ја одржа првата трибина/работилница во просториите на Тетовскиот Државен Универзитет, во Тетово. На настанот присуствуваа повеќе од 80 студенти и професори од регионот, а беше проследен од страна на неколку медиуми.

t2

Настанот започна со говорот на Заменикот Министер за Одбрана, д-р. Беким Максути, а потоа говореа и Претседателот на Евро –Атлантскиот Совет, г-дин, Исмет Рамадани, г-дин. Трифун Костовски, Извршен Директор на Бизнис Клубот на АТА Македонија, Проф. д-р. Илбер Села  од Државниот Универзитет Тетово, и г-ѓа. Марија Јанкуловска, ЈАТА Македонија, а настанот беше модериран од страна на г-дин. Илија Џугуманов, Проект Директор и г-дин. Јусуф Зејнели, Професор.

t4

Овој проект е поддржан од страна на Цивика Мобилитас и Секторот за Јавна Дипломатија на НАТО.

banner FINAL NOV

 

Публикации

simulacija5