Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ВТОРА И ТРЕТА ТРИБИНА - ШТИП И СТРУМИЦА
ВТОРА И ТРЕТА ТРИБИНА - ШТИП И СТРУМИЦА PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 Октомври 2016 13:33

По шестмесечното истражување во соработка со ЦИВИКА Мобилитас и Секторот за Јавна Дипломатија на НАТО, на тема: “Влијанието на Евро – Атлантските интеграции врз меѓу – етничките односи“, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија ги организираше втората и третата од  серија на трибини планирани да бидат организирани во неколку градови/плански региони во Република Македонија кои имаат за цел промоција на резултатите од истражувањето и стимулирање дискусија за овие важни теми.

1

Темите како што се меѓуетничките односи, бараат внимателно, детално и експлицитно истражување и анализа, со цел воспоставување на среднорочни и долгорочни цели за државата и општеството, а како што покажуваат резултатите од ова истражување, токму евро – атлантските интеграции можат позитивно да придонесат кон уште поголема соработка помеѓу етничките заедници во државата.

За таа цел, на 18.10.2016 година (вторник) во Свечената Сала на Правниот Факултет на Државниот Универзитет Гоце Делчев во Штип, се одржа втората по ред трибина.

4

Втората трибина ја отвори Претседателот на Евро – Атлантскиот Совет, г-дин. Исмет Рамадани, кој истакна дека меѓуетничките односи ќе бидат многу порелаксирани доколку ги следиме Евро-Атлантските вредности.

Рамадани во своето кратко излагање, ја нагласи и потребата ова истражување да биде и порака до креаторите на политиките да работат кон понатамошно унапредување на меѓуетничките односи.

На самиот крај, г-дин Рамадани најавувајќи ги идните проекти на ЕАСМ истакна дека ЕАСМ ќе продолжи со активен придонес да работи кон промовирање на НАТО вредностите и полноправно членство на Македонија во Алијансата.

Проф. д-р. Јован Ананиев, Декан на Правниот Факултет при Државниот Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, го поздрави проектот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и потсети дека постои јасна корелација на безбедносниот амбиент и на меѓуетничките односи во секоја држава.

2

Извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-Атланскиот Совет на Македонија, г-дин Трифун Костовски се осврна на бизнис можностите и придобивките кои би произлегле од членството на Македонија во НАТО. Тој исто така потенцираше дека членството во НАТО е клучно за економски напредок на Македонија, привлекување на странски инвестиции и отварање на нови можности за бизнис секторот.

Тој исто така нагласи дека меѓуетничките проблеми доаѓаат до израз кога економскиот развој е на ниско ниво и ја истакна нужноста од дијалог со нашите соседи.

Г-дин. Алберт Муслиу во својот говор нагласи дека Македонија треба да работи на зачувување на традицијата на соживот.

Тој исто така, оцени дека суштината на правичната застапеност е секој аспект од населението да ја почувстува државата како своја и дека унапредувањето на меѓуетничките односи е директно поврзано со намалувањето на чувството на обесправеност и исклученост.

3

За крај Проект Директорот, Г-дин, Илија Џугуманов ги презентираше резултатите од истражувањето и во својот говор го изрази своето задоволство од добиените резултати кои укажуваат на позитивен раст во свеста на граѓаните на Република Македонија за потребата од интегрирање на државата во повисоките европски и безбедносни структури.

5

Следната трибина беше закажана за 19.10.2016 (среда) во просториите на Државниот Универзитет “Гоце Делчев“ во Струмица.

6

Третата јавна дебата беше отворена од страна на директорот на проектот, г-дин Илија Џугуманов кој направи краток преглед на наодите од истражувањето и укажа на важноста на проектот за нашата земја и на темата која ја обработува. Подоцна, Марија Јанкулоска, координатор на истражувањето, детално ги презентираше резултатите од истражувањето.

8

Преку самиот настан кој што беше проследен од страна на повеќе од 80 студенти, професори и граѓани од Источна Македонија заинтересирани за овие теми, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО.

Агенда за настанот - Штип

12.3013.00

Пристигнување и регистрирација

13.0014.30

Воведни забелешки

-Г-дин. Исмет РамаданиПретседател, АТА Македонија

-Др. Јован Ананиев, Декан, Правен факултет, Универзитет „ГоцеДелчев“, Штип

-Г-дин. Трифун Костовски ИзвршенДиректор, Бизнис Клуб, АТА Македонија

-Г-дин Алберт Муслиу, Аналитичар

Презентација на резултатите од истражувањето

-Г-дин Илија Џугуманов, Претседателство на АТА Македонија/Проект директор

14.30 – 15.00

Дискусија

Агенда за настанот - Струмица

13.0013.30

Пристигнување и регистрирација

13.0014.30

Воведни забелешки

-Проф.Ана Никодиновска, Универзитетски Професор на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип

Презентација на резултатите од истражувањето

-Г-дин Илија Џугуманов, претседател на АТА Македонија / Директор на проектот

-Марија Јанкулоска, Координатор на истражувањето

14.30 – 15.00

Дискусија

7

 

Публикации

simulacija5