Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија
Средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 Јуни 2017 09:09

pretsedatel na sobranie

На 8ми јуни 2017 година, делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија оствари средба со новоименуваниот Претседател на Собранието на Ребублика Македонија, г-дин Талат Џафери.

Делегацијата ја сочинуваа г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ, г-дин Трифун Костовски, Извршен Директор на Бизнис Клубот на ЕАСМ, и г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија.

На средбата се дискутираше за Евро-Атлантскиот пат на Македонија и улогата на Евро-Атлантскиот Совет во процесот на лобирање, идните реформи како и потребата од поголемо инволвирање на невладиниот сектор во консултативните средби во областите од значење за Евро-Атлантските интеграции.
Во истата насока, беа дискутирани и идните активности кои ќе бидат организирани по повод 20 годишнината од функционирањето на АТА Македонија во 2017 и се прецизираа контурите на идната соработка и заеднички активности.

 

Публикации

simulacija5