Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Средба со г-ѓа Радмила Шеќеринска
Средба со г-ѓа Радмила Шеќеринска PDF Печати Е-пошта
Среда, 21 Јуни 2017 13:15

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија продолжува со средбите со првите луѓе на институциите во Република Македонија со цел претставување на својата работа и агенда во духот на Евро-Атлантските интеграции и изнаоѓање на идни платформи за продлабочување на соработката.

mo1

На 21.06.2017 година, делегацијата која ја сочинуваа г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ, г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија и г-дин Нухи Алиу, член на Бизнис Клубот на ЕАСМ овојпат оствари средба со министерот за Одбрана на Република Македонија, г-ѓа Радмила Шеќеринска.

На средбата беше дискутирано за интензивирање на досегашната соработката со Министерството за Одбрана, организирање на идни заеднички активности како и за настаните кои ќе бидат организирани по повод 20 годишнината од функционирањето на АТА Македонија.

mo2

 

Публикации

simulacija5