Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Еден-на-Еден ДИСКУСИЈА СО Амбасадор Таџан Илдем
Еден-на-Еден ДИСКУСИЈА СО Амбасадор Таџан Илдем PDF Печати Е-пошта
Недела, 23 Јули 2017 07:16

2

По повод високата официјална посета на Секторот за јавна дипломатија на НАТО и како почеток на поголем проект, во четврток, 20 јули 2017 година, во 10.30 часот, во просториите на ЕРА Центарот – Скопски Саем, Евро-Атлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија) во координација со Тимот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје, а поддржан од CIVICA Mobilitas и GOFI, ќе организира еднодневен настан под наслов:

Еден-на-Еден ДИСКУСИЈА СО Амбасадор Таџан Илдем, Помошник Генерален Секретар за јавна дипломатија на НАТО

По официјалниот дел од настанот, Евро- Атлантскиот совет на Македонија организираше состанок зад затворени врати со амбасадорот Таџан Илдем. На средбата ќе бидат поканети неколку НВО и дипломатски претставници. На овој состанок беа поканети неколку НВО и дипломатски претставници, со цел да ги изразат своите ставови за македонската интеграција во НАТО и улогата што треба да ја има граѓанското општество во поддршка на овие процеси.
Настанот привлече учесници со различен професионален профил, како што се претставници на НАТО, политички и дипломатски претставници од членките на НАТО и земјите-партнери, претставници од невладини организации и академици; професионалци, експерти, практичари; претставници на граѓанското општество и приватниот сектор; новинари и медиумски оператори.

4

Настанот имаше за цел да стимулира дискусијата за важните прашања во врска со интеграцијата на Македонија во НАТО и да го вклучи граѓанскиот сектор во јавната дебата во врска со евро-атлантските процеси.

Настанот го отвори модераторот на настанот, г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на ЕАСМ, кој ја истакна важноста на граѓанското општество како фактор што придонесува кон интензивирање на евроатлантските интеграции.

5

Г-дин Исмет Рамадани, претседател на ЕАСМ, во својот говор изрази надеж дека новите реформи ќе го забрзаат процесот на интеграција во НАТО и дека потпирањето на дијалогот со сите социјални актери и засегнати страни е клучно за овие процеси.

Амбасадорот Таџан Илдем, ја отвори дискусијата во која ги презентираше неговите детални согледувања во врска со целите, политиките и напорите на НАТО. Тој особено се фокусираше на тековната агенда на НАТО, на односите со Русија и земјите-партнери и можните сценарија во однос на современите закани и предизвици.

7

Што се однесува до Македонија, тој ја истакна важноста на фокусираност на реформите и обезбедување политичка стабилност. Амбасадорот Илдем ја потврди поддршката на НАТО за Македонија како идна полноправна членка на НАТО. Тој ја нагласи потребата од регионална соработка за решавање на проблемите со соседните земји, но исто така ја истакна важноста на взаемно прифатливо решение во врска со прашањето за името.

Завршниот дел од настанот беше фокусиран на дискусијата помеѓу амбасадорот Таџан Илдем и претставниците на граѓанското општество. Претставниците на граѓанското општество отворено ги искажаа своите ставови и поставуваа прашања од интерес за интеграцијата на Македонија во структурите на НАТО.

6

Амбасадорот Илдем ја истакна потребата од силно граѓанско општество, разновидност на тинк-тенкови, здруженија и експертизи, како и слободни и независни медиуми. Тој исто така рече дека е важно да се стимулира младата генерација да се вклучи во овие процеси и во различните сегменти во општеството. Тој заклучи дека процесот на реформи е од клучно значење за спроведување на агендата за интеграција во НАТО.

https://www.facebook.com/pg/EACMacedonia/photos/?tab=album&album_id=1740139789619108

 

Публикации

simulacija5