Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Втора работилница - Струга
Втора работилница - Струга PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 Октомври 2017 08:36

По десетмесечното истражување со поддршка на Civica Mobilitas за истражувачкиот проект насловен: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции", Евроатлантскиот совет на Македонија ја организираше втората од серијата работилници кои се планираат да се одржат во неколку градови во земјата со цел да се промовираат резултатите од истражувањето и да се стимулира дискусија за поврзаните теми. Настанот се одржа на 18.10.2017 година во просториите на Универзитетот ФОН во Струга.

image1

По презентацијата на резултатите и краток преглед на целите на проектот од страна на модераторот г-дин Илија Џугуманов, г. Исмет Рамадани, претседател на ЕАСМ и директор на проектот, им се обрати на присутните студенти и ја истакна важноста на придонесот на младите во демократските и евро-атлантските процеси со искористување на сите ресурси и капацитети.

image2

Проф. Д-р Нано Ружин, ректор на Универзитетот ФОН, во својот говор ја објасни улогата и целите на НАТО со цел студентите да се запознаат со важноста на интеграцијата. Тој, исто така, ја нагласи потребата од нивниот придонес во процесите на интеграција во НАТО.

image4

Капетан Ивајло Тоширов, претставник од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, се осврна на потребата младите да бидат добро обучени, образовани и способни да споделуваат искуства и квалитети и да ѝ помогнат на земјата во процесот на интеграција, кој според неговите зборови беше замрзнат со повеќе чекори од минатото.

image3

Проф. Д-р Мерсел Биљали рече дека Македонија има интерес да ги задржи младите во нејзините граници и порача дека тие треба да се охрабрат да бараат можности во својата матична земја. Тој, исто така, рече дека идната интеграција во НАТО ќе има влијание во отворањето на повеќе можности за младите.

По говорите следеше дискусија каде се отворија многу важни прашања поврзани со улогата на младите во евро-атлантските процеси.

Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас.

civica logo

 
 
 
 

Публикации

simulacija5