ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА 13.12.2017 ВО СКОПЈЕ Печати
Понеделник, 11 Декември 2017 12:10

Во текот на изминатите 16 месеци, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија), поддржан од ЦИВИКА Мобилитас, спроведе проект насловен:

“Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократија во светлото на евро – атлантските интеграции“.

final-conference OK

Овој проект имаше за цел охрабрување на активна партиципација на младите луѓе во Република Македонија во градењето на демократските процеси како предуслов за интеграција на Македонија во Евро – Атлантските структури. Проектот имаше намера да придонесе кон активен придонес во евро – атлантските интеграциони процеси преку развивање дијалог, градење на капацитети и вмрежување на младите и младинските организации, студентите и студентските организации, подмладоците на политичките партии и младите професионалци.

Ова истражување целеше кон осознавање на јавните ставови и мислења во врска со ефектите од евро – атлантските интеграции, активно вклучување на младинските и студентски организации и нивните соработници во демократските и процесите на донесување одлуки, како и потенцирање на важноста на нивната засилена улога во евро – атлантските интеграциони процеси во институциите и во поширокото општество (на национално и локално ниво).

Исто така, за оваа цел во октомври/ноември 2017, АТА Македонија организираше четири округли маси/работилници во четири градови/плански региони во Република Македонија (Тетово, Струга, Штип и Струмица) со цел промоција на резултатите од истражувањето како и стимулирање на дискусија за овие прашања од голема важност.

Поради ова, на 13ти декември 2017, АТА Македонија организира Завршна Конференција која што ќе се оддржи во Скопје во Клубот на Пратеници, со почеток од 10.00 часот.

По завршувањето на Завршната Конференција, со почеток во 14.00 часот, АТА Македонија ќе организира и Коктел по повод 20 годишнината на АТА Македонија.

Logo20 small

The project is supported by CIVICA MOBILITAS.

civica logo