Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА Македонија во посета на седиштето на НАТО во Брисел
Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА Македонија во посета на седиштето на НАТО во Брисел PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Март 2018 12:10

На 27ми и 28ми февруари 2018, Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА Македонија беше во посета на седиштето на НАТО во Брисел како дел од тренингот на АТА работната група за комуникации организирано од Меѓународната АТА организација во соработка со Секторот за Јавна Дипломатија на НАТО

nato1

За време на посетата, 25 претставници од 25 АТА/ЈАТА земји, предводени од Г-дин Фабрицио Лучиоли, Претседател на АТА, беа дел од настаните за вмрежување и тренинг во НАТО. Целта на оваа посета беше градењето на капацитети помеѓу членовите на АТА/ЈАТА мрежата во областа на НАТО политичката агенда и стратегии, социјалните медиуми и комуникацијата, зајакнување на мрежата меѓу самите членови, како и меѓу АТА/ЈАТА и НАТО во насока на претстојниот НАТО Самит во Брисел.

АГЕНДА

Вторник, 27 февруари

0845            Пристигнување во седиштето на НАТО

0930            Запознавање со моменталнта политичка агенда на НАТО со Zsolt Rabai,  Сектор за Јавна Дипломатија на НАТО

1045            Одбрана и Безбедност со Paul King,  Сектор за Јавна Дипломатија на НАТО

1130            Одвраќање и Дијалог со Robert Pszczel, Русија и Западен Балкан, НАТО Сектор за Јавна Дипломатија

1400            Проектирање стабилност на југот со Gabriele Cascone, Стратешки аналитичар, Сектор за Нови Безбедносни Предизвици

1500            Проектирање стабилност на истокот со Despina Afentouli, Сектор за Јавна Дипломатија на НАТО

1600            Стратешка комуникација и НАТО кампањи со претставник од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија

Среда, 28 февруари

0845            Пристигнување во седиштето на НАТО

0900            НАТО Стратегија за комуникација 2018 со Carmen Romero, Заменик Помошник Генерален Секретар за Јавна Дипломатија

1000            Активностите на Секторот за комуникација со Dr. Gerlinde Niehus, Главна на одделот за комуникација, Сектор за Јавна Дипломатија

1100            Социјалните медиуми на НАТО – Најдобри пракси со Axel De Mil and Anna Kolakowska, Координатори за Социјални Медиуми, Сектор за Јавна Дипломатија

1330            Панел Дискусија за поддршка на настаните за време на Самитот, Despina Afentouli, Dr. Petr Lunak, Dr. Gerlinde Niehus, Eric Povel, Zsolt Rabai, Justin Suni, сите од Секторот за Јавна Дипломатија

1500            Состанок за Координација во АТА

nato2

 

Публикации

INTER