Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ДЕН НА НАТО 2018
ДЕН НА НАТО 2018 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 05 Април 2018 11:44

По повод денот на НАТО кој го одбележува основањето на НАТО и потпишувањето на Вашингтонскиот Договор, како и по повод посетата на претседателот на Светската АТА, проф. д-р. Фабрицио Лучиоли, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Министерството на одбрана на Македонија, НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада во Скопје, организираше трибина насловена “НАТО и Ти”. Покрај трибината беа организирани низа активности од страна на Министерството на одбрана.

3

Воведни обраќања на трибината имаа претседателот на АТА Македонија, Исмет Рамадани , националниот координатор за НАТО, г-дин Стево Пендаровски, како и претседателот на светската АТА, проф. д-р. Фабрицио Лучиоли. На трибината свои излагања имаа г-ѓа Радмила Шекеринска, Министер за Одбрана и потпретседател на Владата на Република Македонија, г-дин Драган Тевдовски, Министерот за финансии, Н.Е. Џес Бејли,  амбасадор на САД, Н.Е.

5

Данијела Баришиќ, Амбасадор на Република Хрватска и Капетан Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Модератор на настанот беше г-дин Илија Џугуманов, Претседателство на АТА Македонија.

9

Г-дин Исмет Рамадани ја отвори трибината, ги најави говорниците и ја истакна важноста од членството на Македонија во НАТО, како и предизвиците со кои Македонија се соочува кон патот за полноправно членство.

Г-дин, Фабрицио Лучиоли, претседател на Светската АТА, изјави дека би ги охрабрил сите актери кои се инволвирани во решавањето на спорот со името, да го решат ова прашање не само на политички начин, бидејќи ова е прашање која ја засега целата евроатлантска заедница. Тој воедно истакна дека Македонија се наоѓа во регион кој се наоѓа на раскрсница на која се вкрстуваат различни ризици и закани.

15

Г-дин Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, истакна дека членството во НАТО е приоритет бидејќи сите други алтернативи се полоши за Македонија.

Г-ѓа Радмила Шекеринска, Министер за Одбрана, посочи дека Македонија сака да биде дел од алијансата зашто НАТО е еден од најуспешните сојузи во историјата на човештвото, притоа истакнувајќи дека половина од светската економска моќ, но и половина од воената моќ е онаа на НАТО.

Министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски нагласи дека доколку стане членка на НАТО, Македонија ќе има серизони економски бенефити, пред сѐ придвижување на инвестициите, раст на економијата, намалување на невработеноста.

Н.Е. Џес Бејли,  амбасадор на САД, посочи дека постои реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО.

Н.Е. Данијела Баришиќ, Амбасадор на Република Хрватска направи компаративен осврт и ги истакна придобивките на Хрватска од членството во НАТО.

Последниот говорник, Капетан Бартол ја истакна неопходноста од политиката на отворени врати на НАТО и капацитетите на Македонија да стане следна земја членка.

За разлика од претходните години, главниот фокус на трибината беше интеракцијата, па беше придружена со дебата на која  учество земаа студентите од неколку Македонски универзитети.

23

По завршувањето на трибината беше организирана музејска изложба насловена “Република Македонија на патот кон НАТО” на која беа поставени експонати за историјатот на НАТО сојузот, како и за историјата на евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Со почеток во 12 часот Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден со граѓаните на Република Македонија насловен „АРМ со вас“. Целта на отворениот настан, според Министерството, е граѓаните одблиску да се запознаат со својата Армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија.

26

По завшувањето на официјалните настани, делегација на АТА Македонија со претседателот на Светската АТА, г-дин Фабрицио Лучиоли остварија средба со највисоките државни претставници во Македонија.

27

Првата средба се одржа во 13 часот во просториите на Владата на Р.М. со премиерот на Македонија, г-дин Зоран Заев. На средбата, г-дин Лучиоли, порача дека НАТО има потреба од нова енергија и порача дека е потребно Република Македонија да остане посветена да го одржи континуитетот на процесите кои веќе една година забрзано ги исполнува. Тој го истакна придонесот на Македонија во операциите, мисиите, предводени од НАТО, оценувајќи ги како важен дел за безбедноста на државата, за регионот и пошироко. Премиерот на Македонија, г-дин Зоран Заев истакна дека Владата е свесна за значењето на реформите кои што отвораат пат кон НАТО и ЕУ, но со тоа и ги отвораат и можностите за квалитетен живот на граѓаните. Стратешките цели на Македонија се членство во Северно-атлантската алијанса и Европската Унија и охрабрувањата многу ни значат“

30

Втората средба беше остварена во 16 часот со претседателот на Собранието, г-дин Талат Џафери на која беше разговарано за перспективите на Македонија за членство во НАТО и соработката со НАТО Парламентарното Собрание.

Покрај ова, беше организиран коктел од НАТО канцеларијата за врски на кој присуствуваше г-дин Лучиоли и делегација од АТА Македонија составена од г-дин Исмет Рамадани и и г-дин Илија Џугуманов.

25

 

Публикации

INTER