Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Повик за учество - ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ
Повик за учество - ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 Август 2018 18:08

Имајќи во предвид дека младинските проекти и сите настаните од ваков карактер во државата се покажаa како мошне успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија за прв пат ќе организира:

„ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ“,

Целта на 15 неделната школата е да обезбеди основно познавање за НАТО, вклучително за неговата структура, политики, операции и др. актуелни прашања поврзани со Алијансата, но и да придонесе за информираноста и зголемување на младиот кадар во АРМ потпирајќи се на едукативни и информативни алатки.     Учесниците ќе се здобијат со високи теоретски и практични знаења, ќе имаат можност да слушаат предавања за НАТО, безбедноста, одбраната, да се инволвираат во дебати и да учествуваат на конференции, да бидат дел од неколку студиски посети, да разговараат со припадници на НАТО и Армијата, да се запознаат со основните задачи и одговорности и да научат што подразбира службата во АРМ.

Критериуми: Учесници на Школата потребно е да бидат: средношколци или студенти на додипломски или последипломски студии (16 – 25 годишна возраст), државјани на Македонија, со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО. Школата ќе биде интерактивна и ќе се одвива на различни локации со цел покрај теоретскиот дел, учесниците визуелно да се запознаат со тематиката.
Материјалите за подготовка на кандидатите како и насоки за работа ќе бидат дадени од страна на претставници на Евро-Атлантски Совет на Македонија.

Пријава: Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 12ти септември 2018 година (среда) до 15:00 часот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , наслов: “Апликација за Школа 2018”.
Исто така во прилог треба да достават 1. кратка биографија; 2. мотивационо писмо, не подолгo од 300 збора (на македонски или англиски јазик); 3. како и три области/прашања за кои најмногу би сакале да научат. Поради ограничените капацитети на Школата пријавите ќе ги прифаќаме континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“ (еден од критериумите). За дополнителни информации слободно обратете се во канцеларијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 02/316 22 21 или пак на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Школата официјално ќе започне во средината на септември 2018 со еднодневна научна конференција која ќе се одржи во Скопје.

Секој од кандидатите кој ќе ја помине Школата и ќе учествува на предавањата, ќе добие сертификат за учество.

Проектот е директно поддржан од Министерството за Одбрана на РМ и НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Брисел.

dizajn web

 

Публикации

youth-thumbnail