Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Исмет Рамадани на НАТО Самитот во Брисел
Исмет Рамадани на НАТО Самитот во Брисел PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 Август 2018 00:00

За времетраењето на НАТО Самитот во Брисел, г-динот Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија учествуваше на настанот: “НАТО се ангажира: Дијалогот на Самитот во Брисел“ организиран од страна на НАТО, Атлантскиот совет од САД, Германскиот Маршалов фонд на САД (GMF), Минхенската безбедносна конференција (MSC) и Жените во меѓународна безбедност (WIIS).

Овој настан се оддржа на 11 и 12 јули 2018 година каде што повеќе од 300 високи владини претставници, претставници од приватниот сектор, медиумите,  образованието и граѓанското општество дискутираа за предизвиците и неизвесностите во областа на безбедноста и одбраната.

Настанот е веќе традиционален за секој НАТО Самит и е од огромна важност во насока на претставување на нашата земја во овие важни моменти.

Г-дин Рамадани како надворешен советник на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев,  имаше официјални средби со високи претставници каде што успешно  лобираше за прием на нашата земја во НАТО и ЕУ структурите.

Агендата од настанот може да ја проследите на следниов линк: https://nato-engages.org/agenda/

sliki

 

Публикации

youth-thumbnail