Тренинг за Комуникациски вештини |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 25 Септември 2018 13:35 |
Во периодот од 20.09-21.09.2018 година, членови на АТА Македонија присуствуваа на дводневна обука за градење на капацитети наменета за граѓанските организации во Македонија и регионот организирана од Globsec Policy Institute од Братислава. Целта на проектот беше да ги идентификува недостатоците во вештините и алатките на организациите на граѓанското општество (ГО) што им се потребни за да се спротивстават на ширењето на дезинформациите, како и да се идентификуваат онлајн навиките кај младите (15-24), главните наративи за дезинформации и степенот на користење на социјалните медиуми. Целта на обуката беше преку теоретски и практичен дел да ги надгради капацитетите и комуникациските вештини на граѓанските организации за развој и имплементација на успешни онлајн јавни комуникациски кампањи и активности. Темите кои се обработија вклучија: Градење на комуникациска стратегија: теорија и пракса; Пренесување на пораката преку дигитални алатки; и работилница за визуелизација на податоци преку креирање на видеа и инфо графици. Обуката беше реализирана со асистенција на врвни експерти во доменот на комуникациите и новите медиуми меѓу кои Олга Чижова, директор за комуникации, "Украинската Призма"; Марк Флаифл, претседател и извршен директор, Off the Record Strategies; и Франак Виачорка, креативен директор, RFE/RL’s Belarusian Service. Обуката се одржа во Хотел Опера Хаус во Скопје |