Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Четврто предавање и официјална посета на Воената академија во Скопје и Центарот за обука "Д-р Џозеф Крузел"
Четврто предавање и официјална посета на Воената академија во Скопје и Центарот за обука "Д-р Џозеф Крузел" PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Октомври 2018 08:05

IMG 0414

На 24 октомври 2018 година беше организирана официјална посета на Воената академија "Генерал Михајло Апостолски" и Тренинг центарот "Д-р Џозеф Крузел" во касарната "Гоце Делчев" во Скопје како дел од "ШКОЛАТА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ ".

Учесниците имаа можност да се запознаат со критериумите и условите за студирање на Воената академија; основните одговорности за едукација, обука и подобрување на кадарот за потребите на МО, АРМ, системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување; организациската структура и можностите за усовршување на кадетите.

IMG 0433

Дополнително, учесниците беа запознаени со објектите во рамките на Академијата каде се сместени питомците, каде го минуваат своето време и ги извршуваат своите обврски. Тие, исто така, го посетија компјутерскиот центар и хемиската лабораторија.

IMG 0445

Вториот дел од студиската посета опфати посета и презентација во Тренинг центарот "Д-р Јозеф Крузел" специјализиран за стручни обуки на административниот кадар на различни теми.

IMG 0451

 

Публикации

youth-thumbnail