Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|АТА Македонија учесник на работилницата "Youth Outreach" во Белград
АТА Македонија учесник на работилницата "Youth Outreach" во Белград PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 05 Ноември 2018 11:06

Во периодот од 29.10.2018 до 31.10.2018 година, членови на АТА Македонија присуствуваа на младинска работилница на тема "Youth Outreach". Настанот што се одржа во Белград беше посетен од учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Косово, каде главна цел беше размена на знаење и искуство за актуелните безбедносни закани во регионот и позицијата на младите луѓе.

1

Настанот го отвори бригадниот генерал Чезаре Маринели, началник на Канцеларијата за воени контакти на НАТО Белград.

Генералот Маринели ја истакна добрата соработка меѓу НАТО и Србија. Тој истакна дека НАТО има стратегија за комуникација наменета за едукација и информирање на јавноста за своите активности и вредности со искрен и отворен пристап. Во однос на лажните вести и пропаганда, тој посочи дека трендот се зголемува насекаде, но дека само обезбедување на јасни и искрени информации е најдобрата контрамерка на долг рок.

Потоа учесниците ја започнаа првата работилница на тема "Официјалното име и евроатлантските интеграции на Македонија". Г-динот Илија Џугуманов ја отвори дискусијата со преглед на моменталната состојба и напредокот во Македонија за името и ги изнесе следните чекори за нашата земја. Следеше дискусија за актуелните случувања, каде што сите учесници покажаа голем интерес. Главната дискусија се одвиваше околу следните чекори за Македонија и што ќе се случи ако процесот биде неуспешен.

Втората работилница на тема "Позитивни и негативни страни од членството во НАТО во Хрватска, Црна Гора и Албанија" имаше за цел да го спореди развојот на трите земји и што е сменето по членството. Беше заклучено дека безбедноста и стабилноста на земјите се загарантирани.

2

Третата и последна работилница беше насловена како "Дијалог меѓу Србија и Косово". Дискусијата беше фокусирана на тековните предизвици во однос на статусот на Косово и какви се перспективите за заеднички договор. Учесниците од Србија и Косово се согласија дека е неопходно изнаоѓање на решение кое треба да биде одржливо на долг рок.

Следниот ден шефот на делегацијата на националното собрание во ПС на НАТО, Драган Шормаз, ја посети работилницата каде што даде информации за соработката меѓу Србија и НАТО. Потоа ја отвори дискусијата за тоа како да ја подобри оваа соработка и кои се главните цели за иднината.

Учесниците исто така го посетија Кралскиот дворец кој е официјална резиденција на кралското семејство Караџорѓевиќ.

Учесници на настанот од АТА Македонија беа:

Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија
Г. Илија Џугуманов, Претседател на ЈАТА Македонија
Г-дин Андреј Ацевски, член на ЈАТА Македонија
Г-ѓа Македонка Манолева, член на ЈАТА Македонија

Настанот беше организиран од Атлантскиот Совет на Србија во партнерство со Амбасадата на Соединетите Американски Држави и НАТО PDD.

3

 

Публикации

youth-thumbnail