Осмо предавање за родот и безбедноста |
Четврток, 22 Ноември 2018 15:22 |
На 25 ноември 2018 година, учесниците на "ШКОЛАТА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ" имаа можност да присуствуваат на предавање за родови и безбедносни прашања. Предавањето опфати теми поврзани со улогата и влијанието на жените во безбедносните структури, Резолуцијата 1325 и нејзината имплементација и ефекти во Армијата на Република Македонија и општата застапеност на жените во безбедносниот сектор. Капетан Биберовиќ сподели и дел од своите искуства како жена во АРМ, секојдневните предизвици и искуствата во поглед на процесот на едукација во Воената Академија во Скопје. Учесниците покажаа значителен интерес со прашања и дискусии. |