Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|АТА Македонија учесник на работилницата "Улогата на младите против тероризмот и насилниот екстремизам на Западен Балкан" во Црна Гора
АТА Македонија учесник на работилницата "Улогата на младите против тероризмот и насилниот екстремизам на Западен Балкан" во Црна Гора PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 Ноември 2018 13:03

Во периодот од 19.11.2018 до 21.11.2018 година, членовите на АТА Македонија присуствуваа на работилницата "Улогата на младите против тероризмот и насилниот екстремизам во Западен Балкан". На настанот присуствуваа учесници од земјите од Западен Балкан во кои главната цел беше преку панел дискусии и дводневна работилница учесниците да се запознаат со оваа актуелна закана.

1

Радикализација на овој регион претставува сериозно безбедносно прашање за земјите од регионот и бара силна соработка меѓу сите актери кои може да го спречат ова деструктивно влијание.

Воведниот говор го одржа господинот Брајан Ебел, заменик-амбасадор и политички советник на Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

3

Првата активност на денот беше воведното предавање "Младите и нивното потенцијално вклучување во светот на тероризмот". Г-дин Владо Азиновиќ, професор по политички науки на Универзитетот во Сараево, го одржа предавањето и ги запозна учесниците со процесот на радикализација. Тој нагласи дека радикализацијата е личен процес и не секогаш се манифестира со насилни мерки. Тој, исто така, ги запозна учесниците со тоа како радикализацијата е бавен процес на прифаќање екстремни и радикални ставови.

Следното предавање беше студија на случај "Личното искуство на Адам Дин во процесот на де-радикализација". Студијата на случај беше претставена од страна на г-дин Адам Дин лично кој е поранешен екстремист. Тој ја објасни својата лична приказна за радикализација и неговото гледиште е дека "радикализацијата може да му се случи на секого, а тактиката на овие радикални екстремисти е да ги искористи личните неправди во кои насилството доаѓа на крајот на патот". Тој изјави дека во процесот ќе бидете внесени со бинарен поглед на светот и дека главниот двигател е идеологијата која ги опфаќа сите лични неправди. На прашањето која е најголема контрапродутивна стратегија за де-радикализација, г-дин Дин одговори дека "игнорирањето на идеологијата зад радикализацијата е најголемата контрапродуктивна стратегија во процесот на де-радикализација".

2

По паузата за ручек, првата работилница насловена како "Улогата на интернетот и социјалните медиуми во процесот на радикализација" ја презентираше г-ѓа Џеси Хренешова, која е програмски менаџер за Западен Балкан при стратегија на Актис и соработник на Југоисточните европски студии Оксфорд ( SEESOX). Г-ѓа Хронешова изјави дека радикализацијата е онлајн и офлајн процес и ги нагласи тековните тешкотии за следење на овие лица на интернет. Таа ги запозна учесниците со техниките за следење на радикалните погледи на интернет и презентираше пет хипотези кои учесниците се обидоа да ги истражат и пристапат со техниките презентирани на работилницата.

4

Следниот ден започна со панел-дискусија наречена "Терористички закани на земјите од Западен Балкан" што ги држеа професорот Владо Азиновиќ и Веселин Вељовиќ, кој е директор на полицијата за Црна Гора. На панелот беа презентирани неколку случаи на млади луѓе кои биле радикализирани и отишле да се борат на странски боишта. Многу од овие случаи беа со трагични последици и професорот Азиновиќ изјави дека најголема опасност доаѓа од радикалите кои сакале да одат на странски боишта, но не ја добиле шансата. Според него, овие поединци имаат најсилна волја да дејствуваат и се најопасни за земјите од Западен Балкан.

cg  2

По првиот панел следеше втората работилница под наслов "Влијанието на религијата во процесот на радикализација". Работилницата беше презентирана од страна на професорот Борис Брајјовиќ од Српската православна црква и Џемо Реџематовиќ од Исламската верска заедница на Црна Гора. Двајцата предавачи ја презентираа улогата на верските заедници во овие процеси и потенцираа дека е неопходно да се спротивстават на овие влијанија со вистинското толкување на нивните религии.

Присутните од АТА Македонија беа:

Г. Илија Ѓугуманов, претседател на YATA Македонија
Г-дин Андреј Ацевски, член на YATA Македонија

Настанот беше организиран од Атлантскиот совет на Црна Гора во партнерство со Амбасадата на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

cg 1

 

Публикации

youth-thumbnail