Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Победи тезата дека земјата е рамна!
Победи тезата дека земјата е рамна! PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Декември 2018 21:02

Fake news - petar i ivan

Во склоп на проектот “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во партнерство со ГЛОБСЕК Институтот од Словачка како последна активност организираше кампања за најдобри кратки видео записи за борба против лажни вести и дезинформации.

По оценка на стручното жири од проектот, избрани се трите најдобри видео записи.

Според жирито, прво место и награда од 300 американски долари освои Марко Арсов од Скопје, средношколец во СУ „Раде Јовчевски Корчагин“, второрангиран и парична награда во износ од 200 американски долари освои Давид Димевски Арсов, исто така средношколец од Скопје, ученик во СУГС Гимназија „Орце Николов“, додека третото место и парична награда од 100 американски долари им припадна на тимот предводен од Андријана Весовска, во кој беа вклучени Искра Илиеска, Ангела Грозданов и Магдалена Добревска.

Целта беше на креативен начин младите да ги презентираат потенцијалните закани и последици од лажните вести, пропаганда и дезинфирмации. Главно, стручното жири ја ценеше креативноста, пристапот, учество во самиот продукт, како и самиот поглед на секој од младите автори со цел преку превенција да се ублажат последиците од ваквите закани. Право на учество имаа сите млади од Република Македонија на возраст од 16 до 30 години.

Кампањата траеше од 20 ноември 2018 до 05 декември 2018 година. Вкупно, критериумите ги исполнија 7 видео записи.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија им се заблагодарува на сите автори на видео записи за креативноста и пристапот.

"Огромна чест ми е што самиот проект кој трае од почетокот на 2018та година, и е насловен “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа Мапирање на потребите, градење на капацитети, и генерирање на граѓански активизам”, а е поддржан од Стејт Департментот на САД го завршуваме преку една ваква активност, главно за младите. Самиот проект кој беше составен од неколку фази, а во кој беа вклучени 8 земји/организации од регионот, меѓу кои и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ги истражи и мапираше главните предизвици и недостатоци во насока на дезинформациите и лажните вести.

Во ова модерно време, до нас стигнуваат најразлични информации. Имајќи ја во предвид динамичноста на модерното живеење и ограничениот тајминг на секој од нас, барем еднаш сме поверувале во некоја лажна вест, без да истражиме. Самата конкуренција помеѓу медиумските куќи и борбата за читаност, за жал се повеќе отвара простор ваквите вести да се секојдневие.  

Последнава активност, која главно имаше за цел да ја извлече креативноста кај младите луѓе во земјава сметам дека е само почеток за будење на свеста кај младите за овој растечки проблем.", изјави Илија Џугуманов, проект директор за Македонија.

Во прилог наградените видеа кои ќе бидат објавени јавно и на друштвените мрежи на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.



muzikaprotivizmama1

 

Публикации

scholl dizajn web