Затворање на "ШКОЛАТА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ |
Петок, 28 Декември 2018 14:50 |
ШКОЛАTA ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ, која започна од 18 септември, официјално беше финализирана на 25 декември 2018 година.
Г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија и директор на проектот, ги информираше учесниците за следните активности на АТА Македонија и идните проекти, можностите за младите луѓе, како тие можат да бидат вклучени во активностите на YATA и како тие можат да придонесе со тоа што ќе станат членови на организацијата. Покрај тоа, г-дин Џугуманов ги информираше учесниците на школата за 70-годишнината од НАТО, што ќе се одбележи во 2019 година како прослава на потпишувањето на Вашингтонскиот договор и планираните активности на АТА Македонија во пресрет на официјалната прослава. Тој исто така се осврна на евроатлантските процеси на Македонија, следните фази и предизвици за Македонија. Учесниците пополнија евалуациски прашалник со цел да ги оценат предавањата кои беа дел од школата, агендата и целокупната логистика и организација. Оние учесници кои беа поактивни, присутни и ги исполнија критериумите добија сертификати за учество. |