Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Панел дискусија: НАТО - повеќе од Сојуз за стабилност и безбедност
Панел дискусија: НАТО - повеќе од Сојуз за стабилност и безбедност PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 Јануари 2019 17:51

sobranie 1

По повод официјалната посета на министерот за одбрана на Република Словенија, г. Карл Ерјавец, во просториите на Собранието на Република Македонија се одржа панел дискусија на тема: "НАТО - повеќе од Сојуз за стабилност и безбедност " во организација на Комитетот за одбрана и безбедност, во соработка со Министерството за одбрана, Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

sobranie 2

Дискусијата беше фокусирана на улогата на НАТО во нашата земја, придобивките од членството во НАТО, како и на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од пристапувањето во НАТО.


Главни панелисти на настанот беа: Г-дин  Хари Локвенeц, Претседател на Комитетот за одбрана и безбедност и Шеф на Делегацијата на ПС на НАТО, Собрание на Република Македонија; Г-дин Карл Ерјавец, Министер за одбрана на Република Словенија; Г-ѓа Радмила Шекеринска, Министер за одбрана на Република Македонија; Г-дин Никола Димитров, Министер за Надворешни Работи на Република Македонија; и Г-дин Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија (воедно и модератор на настанот).


Членови на АТА и YATA Македонија беа присутни како учесници на настанот.

sobranie 3

 

Публикации

scholl dizajn web