Средба со Н.Е. Проф. Д-р Јазбец, Амбасадор на Словенија во Скопје Печати
Четврток, 14 Февруари 2019 14:02

На 14 фебруари 2019 година, делегација од Евро-Атлантскиот Совет на Македонија предводена од Претседателот, г-дин Исмет Рамадани, се состана со Н.Е. Проф. Д-р Милан Јазбец, Амбасадор на Република Словенија во Скопје - НАТО Контакт Амбасада.

IMG 2357a

На самиот почеток на состанокот, г-дин Рамадани му честиташе на Н.Е. Проф. Д-р Јазбец назначувањето на Словенија како НАТО Контакт Амбасада и ја истакна претходната продуктивна соработка помеѓу АТА Македонија и Амбасадата на Република Словенија.


Во овие важни моменти за земјата, делегацијата на АТА Македонија го претстави годишниот извештај на активности за 2019 година.


Дискусијата главно беше фокусирана на идните цели и улогата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Амбасадата на Република Словенија во процесот на ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО за членство во Алијансата од страна на Националните собранија.


Исто така, беше разговарано и за заедничкото одбележување на Денот на НАТО – 4ти април. И двете страни изразија решеност за идна взаемна соработка.
За време на состанокот, Претседателот Рамадани беше придружуван од двајца членови од АТА Македонија, г-ѓа Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Бизнис Клубот на АТА Македонија и г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија.