Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО Атлетска Трка
НАТО Атлетска Трка PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Април 2019 13:41

По повод  Денот на НАТО – 4ти Април и 70 годишнината од Алијансата, беа организирани повеќе настани како дел од НАТО неделата со цел славење на овој јубилеј, но и во чест на процесот за ратификација на Протоколот за пристапување на државата како 30та членка на НАТО.

8

Како дел од НАТО Неделата, на 06.04. за првпат во Скопје, на кејот на Вардар беше организирана НАТО Атлетска Трка која што беше отворена за сите заинтересирани граѓани.

Повеќе од 270 натпреварувачи трчаа на патеките од три и од пет километри. Најдобрите тројца учесници од трката ќе бидат наградени со учество на меѓународниот годишен НАТО маратон во Будимпешта, Унгарија.

9

Заедно со граѓаните, на трката учествуваше и министерката за одбрана, г-ѓа  Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковникот Јанковиќ, припадници на Армијата и Министерството за одбрана.

14

Трката ја отвори шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, Зоран Јанковиќ, кој изрази убедување дека Република Северна Македонија наскоро ќе биде 30. земја членка на Алијансата.

25

На 07.04. на отворениот ден на Армијата, во Градскиот парк во Скопје, беа прогласени победниците на атлетската трка и им беа доделени медали.
НАТО Атлетската трка беше организирана од страна на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, Министерството за Одбрана, Армијата,  Атлетската Федерација, Агенцијата за млади и спорт и Светската АТА, а беше поддржана од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Град Скопје, Воена Полиција, Смарт Рејс Клуб Скопје, Атлетски Клубови од Велес, Куманово и други градови, Брза Помош, Црвен Крст, Волонтери и неколку приватни компании и организации.

16

 

Публикации

scholl dizajn web