Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Недела на НАТО 2019
Недела на НАТО 2019 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 09 Април 2019 18:27

По повод одбележувањето на 70 години од формирањето на Алијансата и кога Република Северна Македонија е на пат да стане 30та членка на НАТО, АТА Македонија, во соработка со своите партнери, организираше и се вклучи во низа настани чија цел покрај одбележување на јубилејот, беше и информирање и запознавање на пошироката јавност со целите и вредностите на Алијансата.

1

НАТО неделата започна со организирање на дипломатска дискусија, со наслов “Патот до Брисел” која беше организирана од страна на АТА Македонија, Амбасадата на Република Словенија (НАТО Контакт Амбасада) и Министерството за Одбрана на Северна Македонија. Настанот се одржа во Свечената Сала на  Владата на Република Северна Македонија, на 3ти  Aприл 2019, со почеток од 12:00 часот.

2

Целта на настанот беше да се испрати силна порака до земјите членки на НАТО, што побрзо да се завршат правните процедури и да се ратификува протоколот за членство во НАТО, но и да ја запознае пошироката јавност и медиумите со развојот и напредокот на државата во изминатата година во поглед на членството во НАТО.

4

Воведни обраќана на настанот имаа претседателот на АТА Македонија, г-дин Рамадани, Претседателот на Владата, г-дин Зоран Заев, Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска и H.E. Д-р Милан Јазбец, Амбасадор, Амбасада на Република Словенија (како домаќин на настанот). Во вториот дел, следеше дипломатска дискусија на која дискутираа сите амбасадори на земјите членки на НАТО во Република Северна Македонија, како и Шефот на НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, Полковник Зоран Јанковиќ.

3


Натпревар за најдобар есеј на тема “НАТО и јас” беше исто така спроведен од Министерството за Одбрана и Воената Академија во Скопје во соработка со АТА Македонија и беше наменет за средношколци од средните училишта на Р. Северна Македонија. Прворангираните есеи беа презентирани на отворениот ден во Градскиот парк во Скопје, на 7ми Април 2019 година. Најдобрите три есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО под покровителство на Министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска Јанковска и НАТО.

5

По повод неделата на НАТО на 6ти Април во Градскиот парк се одржа и НАТО – Атлетска трка, организирана од Министерството за одбрана, Армијата, АТА Македонија и Атлетската федерација.

7

260 натпреварувачи трчаа на патеките од три и од пет километри. Заедно со граѓаните, на трката учествуваше и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, евро-амбасадорот Самуел Жбогар, шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковникот Јанковиќ, припадници на Армијата и Министерството за одбрана. Најдобрите тројца учесници од трката на 3 и од трката на 5 километри ќе бидат наградени со учество на меѓународен маратон надвор од државата.

9

8

Во рамки на НАТО неделата, дополнително беа организирани и музејска изложба насловена “70 години НАТО и Република Северна Македонија, 30. членка на Алијансата“ поставена во Воениот Музеј во Скопје, панел – дискусија на тема “70 години НАТО – успех кој се должи на спремноста за промени“, Заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Грција и Словенија и отворени денови во Скопје, Прилеп и Куманово.

12

Претставници на АТА Македонија присуствуваа на коктел организиран од НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје кој исто така беше во насока на одбележување на 70 години од формирањето на Алијансата.

13

 

Публикации

scholl dizajn web