Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМАДАНИ НА 2БС ФОРУМ 2019
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМАДАНИ НА 2БС ФОРУМ 2019 PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Јуни 2019 12:37

Од 30ти мај до 1ви јуни 2019, Претседателот на АТА Македонија, г-динот Исмет Рамадани учествуваше на годишниот 2БС Форум во Будва, Црна Гора. Овогодинешната тема  на Форумот гласеше: “Наследството од трансформативните рамки на денешницата“, тема која што беше поделена во шест панели, тема која за времетраењето на овој настан беше дискутирана од повеќе од 400 високи претставници, бројни признаени академици и експерти во областа на безбедносната политика, како и претставници од земјите на југоисточна Европа и Америка.

IMG 8173

2БС Форумот е годишен форум за висока политика и безбедност и е водечки меѓународен Форум во југоисточна Европа. Форумот се справува со предизвици од глобалната, евро – атлантската безбедност  и безбедноста на југоисточна Европа. Организатор на овој настан е Атлантскиот Совет на Црна Гора под покровителство на Владата на Република Црна Гора, додека традиционални партнери на Форумот се НАТО и Амбасадата на САД во Подгорица.
Покрај другите средби што ги оствари г-дин Рамадани за време на овој настан, тој се сретна и со г-дин. Дејмон Вилсон, Извршен Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.

 

Публикации

scholl dizajn web