Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски
Средба со Претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Јуни 2019 11:18

На 27 јуни 2019 година, делегација на АТА Македонија оствари средба со новоименуваниот претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

stevoP

Тимот на АТА Македонија ги пренесе своите честитки до новоизбраниот претседател и дискутираше за досегашните активности и улогата на АТА Македонија во Евро-Атлантските интегративни процеси.

Меѓу другото, на средбата се дискутираше за политичките состојби и напредокот на Северна Македонија со акцент на безбедносната состојба во земјата и регионот.

Покрај тоа, на состанокот беше разговарано и за идните активности на АТА Македонија и беше прецизирана идната соработка за прашањата од заеднички интерес.

Делегацијата се состоеше од г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија, г-ѓа Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Бизнис клубот на АТА Македонија и г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија.

 

Публикации

scholl dizajn web