Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА PDF Печати Е-пошта
Четврток, 05 Септември 2019 11:53

logo site

Со Договорот за пријателство и добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, уште еднаш беше потенцирана улогата на младинската соработка и потребата од мобилност и учество помеѓу двете држави, со цел учење од искуството на Република Бугарија во процесот на донесување одлуки, како повеќегодишна членка на ЕУ и НАТО.

Во духот на таквата соработка и со цел споделување на искуства и најдобри практики, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје го отпочнаа проектот насловен : “Оспособување на младината со цел активно учество во процесот на донесување одлуки“ кој ќе придонесе кон изградбата на младински капацитети и идни лидери и креатори на политики, со цел поддршка на демократските вредности, доброто владеење и вклученоста на поширокото општество во процесите на донесување одлуки во државата.

Исто така, проектот има за цел да ја подигне јавната свест за придобивките од членството на државата во НАТО и ЕУ, преку успешноста на бугарскиот пример.

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Амбасадата на Бугарија во Скопје, во рамки на овој заеднички проект: “Оспособување на младината со цел активно учество во процесот на донесување одлуки“, објавува ЈАВЕН ПОВИК за лица на возраст од 18-30 години за учество во тридневната работна посета (со две ноќевања) во Софија, Бугарија која би се реализирала во периодот од 30.09.2019 до 04.10.2019 година.
За време на посетата ќе бидат остварени посети на државни и недржавни институции како што се:

-    Министерството за Надворешни Работи, Министерството за Одбрана и Кабинетот на Претседателот на Република Бугарија;
-    Невладините организации од областа на НАТО и ЕУ;
-    Младинските партиски ограноци и организации;
-    Националниот Музеј во Софија.

Посетата има за цел практично учење од искуството на претставниците на овие институции и организации, размена на идеи и искуства преку дебати со младината од оваа област во Република Бугарија, како и културно - едукативна димензија.

Услови за аплицирање:

- Возраст: 18 до 30 години
- Државјани на Република Северна Македонија
- Студенти на додипломски, постдипломски и докторски студии или млади професионалци вработени во државните и недржавните институции, како и млади со искуство во креирањето на младинските политики
- Интерес и познавања на прашања поврзани со безбедноста, меѓународните односи и Евро-Атлантските интеграции

Сите заинтересирани кандидати  кои ги исполнуваат критериумите за аплицирање, потребно е да достават свое лично CV и мотивационо писмо (500-1000 зборови, фонт Times New Roman, големина на фонт 12, проред  1.5) најдоцна до 23.09.2019 година до 16:00ч на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со предмет “Апликација за работна посета”.

Трошоците за пат и сместување ќе бидат целосно покриени.

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија го задржува правото да ги одбие кандидатите кои не ги исполнуваат дадените критериуми и услови.
Секој од учесниците ќе добие сертификат за учество. 

 

 

 

Публикации

scholl dizajn web