РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – ПРВ ДЕН Печати
Понеделник, 07 Октомври 2019 13:12

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) во остварувањето на својата функција, која подразбира промоција на Евро-Атлантската идеја и вредности во нашето општество, започна нов проект кој се остварува во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.

Opening  1

Проектот насловен: “Оспособување на младината со цел активно учество во процесот на донесување одлуки“ се состои од неколку фазии се стреми да даде придонес кон изградбата на младински капацитети и идни лидери и креатори на политики, со цел поддршка на демократските вредности, доброто владеење и вклученоста на поширокото општество во процесите на донесување одлуки во државата.

Како дел од проектот, во периодот од 1ви до 3ти Октомври 2019 година, АТА Македонија организираше тридневна работна посета на Република Бугарија каде што учество зедоа млади лица на возраст од 18-30 години (по распишан конкурс од страна на АТА Македонија) и каде беа остварени посети на државни и недржавни институции меѓу кои: Министерството за Надворешни Работи на Република Бугарија, Кабинетот на Претседателот на Република Бугарија, Министерството за Одбрана на Република Бугарија и Атланскиот Клуб на Бугарија.

Opening 2

На отварањето на настанот излагање имаа Г-дин Иван Најденов, Државен Секретар при Министерството за Надворешни Работи на Бугарија и г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија. Модератор беше г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија и Проектен Директор, кој даде краток осврт на целите на проектот и потребата за ваква иницијатива за двете држави во конкретниот општествен и политички контекст.

Opening 4

Г-дин Иван Најденов, Државен Секретар при Министерството за Надворешни Работи на Бугарија, ги истакна проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите во Бугарија, важноста од младински иницијативи и соработка меѓу двете држави за надминување на овие предизвици.

Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија, го посочи историскиот политички договор за пријателство и добрососедство меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија како чекор напред во негувањето на нашите односи, но и како основа за идна меѓусебна соработка меѓу двете држави. Тој воедно ги поттикна младите учесници за поголем ангажман и учество во важните политички процеси и политики.

Opening 3

Отварањето на настанот беше во форма на тркалезна маса каде што учество зедоа и учесниците на работната посета каде дебатираа за актуелните проблеми поврзани со младинската партиципација вклучително за постоечките политики и механизми, ограничувачките фактори и начини за нивно надминување, проблемот со токенизмот, како и потребата од поголема младинска активност во секој аспект од општественото функционирање.

MFA 1

За време на првиот ден од посетата, учесниците остварија посета на Министерството за Надворешни Работи на Бугарија каде  имаа средба со дипломатскиот тим и Директорите за НАТО, меѓународни односи и Југоисточна Европа, како и со претставници на Дипломатскиот Институт при министерството. На средбата се разговараше за начинот на интегрирање на младите во процесот на донесување на одлуки и како да се обезбеди поголем младински ангажман преку активно користење на дигиталната технологија.

MFA 2

Учесници на работната посета беа 15 млади луѓе на возраст од 18-30 години, студенти и млади професионалци, како и млади со искуство во креирањето на младинските политики. Покрај млади учесници од целата територија на Република Северна Македонија, на работната посета учество земаа и претставници од АТА Македонија и г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија и Советник при Владата на Република Северна Македонија.

MFA 3