Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – ВТОР ДЕН
РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – ВТОР ДЕН PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 Октомври 2019 09:56

За време на вториот ден од работната посета на Република Бугарија која е дел од проектот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, насловен: “Оспособување на младината со цел активно учество во процесот на донесување одлуки“, учесниците и тимот на АТА Македонија ги посетија Кабинетот на Претседателот на Република Бугарија, Министерството за Одбрана на Република Бугарија и Атлантскиот Клуб на Бугарија.

President 1

За време на посетата на Кабинетот на Претседателот, учесниците остварија средба со Н.Е. Румен Радев, Претседател на Република Бугарија. Г-дин Румен Радев ја потенцираше важноста за вклученоста на младите во донесувањето на политичките одлуки, важноста на Евро-Атлантските интеграции за Северна Македонија во однос на креирањето на инклузивни институции и ја потенцираше клучната улога на младите во процесот на мониторинг врз политичките одлуки како суштински за развојот на демократијата. Тој истакна дека ангажманот на целото општество е клучен во овие процеси. Г-ца Вероника Орбецова, Советник за Надворешна Политика, и г-ца Марија Јуркова, Раководител на Секторот за “Стратегии, Анализи и Прогнози”, им ги претставија на  учесниците постоечките иницијативи за младинска вклучност во политичките процеси во Бугарија, но и пошироките активности за интеграција.

President 2

President 3

Учесниците имаа можност да дискутираат, даваат предлози и да разговараат за предизвиците кои стојат пред двете држави во однос на младинската инклузија.

President 4

Следната работна посета се оствари во Министерството за одбрана на Република Бугарија, каде излагање имаа претставници на Министерството за Одбрана и од Секторот за Човечки Ресурси при министерството. На средбата се дискутираше за програмата “Старт на кариера”, наменета за младите луѓе во Бугарија со цел да се стекнат со работно искуство, можностите кои ги нуди военото образование за младите во Бугарија, како и осврт за историјата и структурата на министерството и Бугарската воена историја.

MoD

Последната активност, која беше дел од работната посета на Бугарија, беше посетата на Атлантскиот Клуб на Бугарија, организација која се занимава со промоција на атлантските вредности во Бугарија, но и со активно вклучување на младите во тие процеси. Во Атлантскиот Клуб на Бугарија излагање имаа Амб. Елена Портодорова и Амб. Бисерка Бенишева.

MoD 2

Амб. Елена Портодорова, Потпретседател на Атлантската Асоцијација, го образложи процесот на основање, целта и предизвиците на  Атлантскиот Клуб на Бугарија, постоечките и изминатите проекти, како и младинските иницијативи. Амб. Бисерка Бенишева, даде поширок осврт за предизвиците на Р. Северна Македонија во поглед на членството на ЕУ и важноста на младите во тие процеси. Младите членови на Атлантскиот Клуб на Бугарија ја претставија својата иницијатива “Млади Амбасадори” и ја опишаа целта на таа програма. Учесниците имаа можност да се вмрежат со нивните врсници од Бугарија и да разменат искуства за постоечките проблеми и предизвици за младите во двете држави.

MoD 3

Mod 4

Учесници на работната посета беа 15 млади луѓе на возраст од 18-30 години, студенти и млади професионалци, како и млади со искуство во креирањето на младинските политики. Покрај млади учесници од целата територија на Република Северна Македонија, на работната посета учество земаа и претставници од АТА Македонија и г-дин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија и Советник при Владата на Република Северна Македонија.

ATA BG

За време на вториот ден од посетата г-дин Рамадани оствари средба со Г-дин Цветан Цветанов, Претседател на Управувачкиот Борд и г-ца Софија Петкова, Извршниот Директор на Евро-Атлантскиот Безбедносен Центар на Софија.

sredba na Ismet

 

Публикации

scholl dizajn web