Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Завршна Конференција - Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки
Завршна Конференција - Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки PDF Печати Е-пошта
Среда, 20 Ноември 2019 14:10

По повод завршувањето на проектот, насловен “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки”, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија организираше Завршна Конференција со која ги презентираше резултатите од шестмесечното истражување, го покрена прашањата за младинско учество и разви дискусија за предизвиците и бариерите кои влијаат врз младинскиот ангажман.
IMG 5427

Конференцијата се состоеше од две сесии: официјално отварање и панел дискусија.

IMG 5446

Главни говорници на официјално отварање беа Г. Исмет РАМАДАНИ, Претседател на АТА Македонија; H.E. г. Стево ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија; Др. Арбр АДЕМИ, Министер за Oбразование на Република Северна Македонија; и Г. Соломон ПАСИ, Почесен Претседател на Атлантскиот Клуб на Бугарија.

IMG 5430

Г. Исмет РАМАДАНИ, Претседател на АТА Македонија, истакна дека овој проект е важен пример за заедничките напори на Република Северна Македонија и Република Бугарија да придонесат за унапредување на демократијата во двете држави, но и можност да стекнеме искуство и разбирање на придобивките од членството на Република Бугарија во НАТО и во ЕУ, преку успехот на бугарскиот пример. Тој испрати порака до амбасадите со седиште во Северна Македонија да продолжат со нивната поддршка, бидејќи немаме друга алтернатива надвор од НАТО и ЕУ.

IMG 5431

H.E. Г. Стево ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија, во своето обраќање истакна дека без создавање механизми за младинско учество во процесот на донесување на одлуки, како и без нивно охрабрување за активно учество, не можеме да очекуваме напредок и просперитет на нашата држава. Н.Е. Г. Пендаровски додаде дека наша обврска да обезбедиме далеку подобри услови и перспективи за младите во Република Северна Македонија истакнувајќи дека “без да се слушне нивниот глас, без нивно квалитетно учество, без успешни младински политики тоа ќе биде невозможно”.

IMG 5444

Др. Арбр АДЕМИ, Министер за Oбразование на Република Северна Македонија, посочи дека младите мора да бидат вклучени во одлуките што ги засегаат и дека е потребен континуиран фокус кон нивните потреби. Тој додаде дека образованието е еден од факторите од кои најмногу зависи капацитетот на секоја држава.

IMG 5433

Г. Соломон ПАСИ, Почесен Претседател на Атлантскиот Клуб на Бугарија, истакна дека кога Република Северна Македонија ќе биде во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача.

На панел дискусијата свое обраќање имаа Г. Илија ЏУГУМАНОВ, Проект Директор и член на Претседателство на АТА Македонија; H.E. Ангел АНГЕЛОВ,  Aмбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија; Г. Дарко КАЕВСКИ, Директор на Агенција за млади и спорт; Г. Ризван СУЛЕЈМАНИ, Универзитетски Професор; и Г-ѓа Марија ЈАНКУЛОСКА, Координатор за истражување при Евро – Атлантски Совет на Македонија.

IMG 5434

Г. Илија ЏУГУМАНОВ, Проект Директор и член на Претседателство на АТА Македонија, кој воедно беше и модератор на панел сесијата, ги објасни целите и активностите на проектот. Тој испрати порака до креаторите на политики и до сите одговорни актери дека треба да инвестираме повеќе во граѓанското образование, да најдеме посоодветни форми на споделување информации и да создадеме стратегија за градење на вештини за идните перспективи на младите.

IMG 5449

H.E. Ангел АНГЕЛОВ, Aмбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, во својот говор ги пофали напорите за придонес во Евро-Атлантските интеграции и заложбите за интегрирање на младите луѓе во тие процеси.

IMG 5451

Г. Дарко КАЕВСКИ, Директор на Агенција за млади и спорт, ги образложи напорите за на Агенцијата за Млади и Спорт во однос на младинските политики, новиот закон за млади кој е во процес на донесување и како истиот ги регулира суштинските прашања за младинска партципација и инклузија, како и за важноста од младинскиот удел во политичките процеси.

IMG 5452

Г. Ризван СУЛЕЈМАНИ, Универзитетски Професор, изјави дека младите треба да вложуваат напори и да влијаат на одлучувањето затоа што со нивниот ангажман целото општество ќе има поголем просперитет и напредок.

IMG 5454

Марија ЈАНКУЛОСКА, Координатор за истражување при Евро – Атлантски Совет на Македонија, ги презентираше резултатите од истражувањето и ги образложи препораките за идните политики кои би придонеле за повеќе можности за младите во процесот на донесување на одлуки.

IMG 5435

На конференцијата учествуваа високи функционери, креатори на политики, експерти и универзитетски професори, претставници од амбасадите на ЕУ / НАТО во Република Северна Македонија, граѓанското општество, академијата и медиумите, како и 60 млади луѓе со различен образовен профил.
Настанот беше завршен со прашања и дискусија предводена од студентите и младите.

IMG 5455

По завршувањето на настанот беше организиран коктел поддржан од винарија Тиквеш.

Проектот беше директно поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

IMG 5438

Проектот имаше за цел да ги мапира проблемите и предизвиците за учество на младите во Северна Македонија, да понуди компаративен преглед за вклучувањето на младите во Бугарија (како интегрирана земја во евро-атлантските структури) и да ги адресира главните теми преку дискусии, компаративна анализа и препораки. Долгорочната цел на оваа акција е да се поттикне поголемо учество на младите во процесите на донесување одлуки преку развој на капацитети за активен ангажман на младите и преку поттикнување поголема мобилност и соработка.

IMG 5439

 

Публикации

scholl dizajn web