ПОВИК ЗА МЛАДИ Печати
Вторник, 11 Февруари 2020 13:28

IMG 9209web

Предмет: Постапка за реажурирање и обнова на членството во младината

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) преку своите бројни активности успеа да имплементира голем дел од својата програма за промоција и имплементација на евро-атлантската идеја и вредности во земјата, и истовремено да ја поттикне свеста кај македонската јавност за членството на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Во својата работа, повеќе од две децении (од 1997 г.), АТА Македонија постојано развива програми за вклучување на сите целни групи во нашето општество, а преку членството во Светската АТА во Брисел, соработува и укажува на позитивниот имиџ на нашата земја, пред 38 држави/АТА партнерски асоцијации ширум светот.


Младите луѓе - студенти се клучна критичка маса во земјата, како идни интелектуалци и лидери кои ќе ја носат одговорноста за понатамошниот развој на земјата. Во таа насока, нивното вклучување во процесот на евро-атлантска интеграција на Република Македонија е од огромна важност.
Во насока премин на дел од младинскиот во сениорскиот дел во организацијата, но и како една од заложбите за работа со сите целни групи во македонското општество, Евро - Атланскиот Совет на Македонија, започна со постапка за реажурирање и обнова на членството во младината на АТА Македонија (ЈАТА Македонија). Се со цел, обнова заради поуспешно дејствување и подготовка за престојните активности на Младината на Евро - Атланскиот Совет на Македонија.


За кого е наменето и рок за аплицирање?

Покрај веќе постоечките членови, Младината на Евро - Атланскиот Совет на Македонија, посебно го охрабрува пристапувањето на нови членови, студенти и млади професионалци на возраст од 18-30 години. Постапката за реажурирање и обнова на членството ќе трае до 15 март 2020 година, но апликациите ќе бидат разгледувани на дневна основа.

Што е потребно?

Ги повикуваме сите заинтересирани студенти и млади професионалци, да ни испратат своја кратка биографија (CV). Оние кои имаат дополнителни идеи и предлози за одредени активности/проекти, посебно ги охрабруваме со своите идеи и предлози да учествуваат во креирање на годишната програма на Младината на Евро - Атланскиот Совет на Македонија за 2020 година.

Својата кратка биографија (CV) и/или предлог (на англиски јазик), испратете ги на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или пак лично доставете ја во просториите на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на ул. Македонија бр. 22/1/15, 1000 Скопје.


Дали е потребно да имате претходно искуство?

НЕ!

Кои се вистинските кандидати – која струка?

Нема вистински кандидати, струка или факултет. Секој кој е амбициозен и заинтересиран во полето на безбедноста, меѓународните односи, одбраната, НАТО, ЕУ, но и во делот на комуникациите, организација на настани, друштвени мрежи, економија, истражување, анализа на податоци, како и младински политики е добредојден да се пријави.  

Какви кандидати бараме?

-    Амбициозни;
-    Млади;
-    Желни да научат и да комуницираат;
-    Сакаат да патуваат и да дебатираат со свои врсници;
-    Да работат во тим;
-    Се запознаени со начинот на волонтерската работа.

Што добивате - во што би биле вклучени?

-    Многу можности за учење и професионално надградување (во сфера која вие сакате да се надградувате, на пример: меѓународни односи и комуникации, безбедност, одбрана, организација на настани, истражување, анализа, пишување на проекти, промоција на друштвени мрежи, протокол, пишување извештаи, новинарски содржини),
-    Работа во тимови со врсници и сениори,
-     Можност за посета на домашни и меѓународни настани, конференции и семинари (во 38 земји во светот),
-     Препораки, сертификати и останати признанија,
-     Можност за вклучување во раководната структура на ЈАТА Македонија,
-   Можност за вклучување во тековни проекти на организацијата, како и во процесот на апликација и добивање на нови (за кои би добиле и соодветна надокнада / хонорар).

Веруваме дека членувањето во Младината на Евро-Атланскиот Совет на Македонија, ќе претставува предизвик за секој млад поединец и можност за поуспешно претставување и лично издигнување во сферата на евро-атлантските интеграции.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.atamacedonia.org.mk, или пак посетете на на друштвените мрежи:

Фејсбук: https://www.facebook.com/EACMacedonia/
Инстаграм: https://www.instagram.com/ata_macedonia/
Твитер: https://twitter.com/ata_macedonia