Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ИЗВЕСТУВАЊЕ COVID-19
ИЗВЕСТУВАЊЕ COVID-19 PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 Март 2020 14:53

logo f

Почитувани,

Поради настанатата состојба со ширењето на COVID-19 вирусот, би сакале да Ве информираме дека во согласност со препораките на Светската Здравствена Организација, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија работи со намален интензитет и минимална работна сила.

Во насока кон зачувување и одржување на јавното здравје, Ве известуваме дека Евро – Атлантскот Совет на Македонија ги откажува сите планирани настани во наредниот период, меѓу кои и традиционалниот „4-ти април: Ден на НАТО“, настан кој Евро – Атлантскиот Совет на Македонија го организира во последните 20 години во нашата држава во чест на потпишувањето на Северноатлантскиот Договор.

Република Северна Македонија на 17.03.2020 ја поздрави и последната ратификација на Протоколот за Пристапување кон НАТО од страна на законодавното тело на Кралството Шпанија, со што државата го финализира процесот на пристапување кон Алијансата. Наредниот и последен чекор од овој процес е депонирањето на потписите на земјите членки во Вашингтон.

Ги повикуваме останатите невладини органзации, институции и претприемачи да делуваат одговорно и го следат чекорот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и препораките на надлежните институции, со цел спречување на пандемијата и побрзо враќање кон редовните работни обврски, следствено.

Апелираме до нашите членови, поддржувачи, партнери и до широката јавност, најстрого да се придржуваат кон мерките и препораките на СЗО, Министерството за здравство и Владата и да останат во своите домови. Јавното здравје е приоритет, да го зачуваме заедно!


Со почит,         

Евро – Атлантски Совет на Македонија

 

Публикации

youth empowerment