Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО АКАДЕМИЈА 2020 – НАТО и Улогата на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје
НАТО АКАДЕМИЈА 2020 – НАТО и Улогата на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 Ноември 2020 14:24

Предавањето на НАТО Академијата 2020 на тема „НАТО и Улогата на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје“ со Шефот на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје, Полк. Зоран Јанковиќ беше оддржано на 11ти ноември 2020 (Среда) со почеток во 14 часот. Поради моменталната состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата и во согласност со препораките на државните и здравствените власти, ова предавање беше оддржано онлајн преку платформата ZOOM.

4

Полк. Јанковиќ, Шеф на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје е Висок НАТО Претставник во државата, чија улога меѓу другото вклучува и воспоставување врски со националните власти на Република Северна Македонија, во согласност со насоките содржани во Условите за Работење и Мисијата на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје.

Денешното предавање беше започнато со краток воведен дел од страна на Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА, по кое Полк. Јанковиќ ги поздрави учесниците и ја поздрави мисијата и улогата на на Евро – Атлантскиот Совет во евро – атлантските интеграции на државата.

3

Предавањето кое што следеше опфати повеќе области како што се: структурата на НАТО; политика, операции и начин на донесување на одлуки во НАТО; членството на Република Северна Македонија во Алијансата.

Полк. Јанковиќ ги спомена и најважните моменти кои што придонесоа кон тоа НАТО да ја видоизмени својата поставеност на меѓународната сцена и да се реформира во согласност со новонастанатите предизвици (настани како што се Студената Војна, интервенциите во Унгарија, Кубанската Криза, паѓањето на Берлинскиот Ѕид, настаните од 11 септември и анексијата на Крим). Тој исто така нагласи дека моменталната КОВИД-19 пандемија несомнено влијаеше на пристапот на НАТО како организација и придонесе кон поблиска соработка на Алијансата со Европската Унија во борбата против пандемијата.

Тој исто така нагласи дека мисијата на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје вклучува советување на државните власти во врска со одбрамбените аспекти на реформите во безбедносниот сектор и НАТО членството, со цел придонесување кон понатамошно евро – атлантско интегрирање на државата, но и пружање на поддршка на операциите предводени од НАТО во Балканот. Советодавната улога на Канцеларијата за Врски е концентрирана кон воените и технички прашања. Поддршката која Канцеларијата ја пружа на КФОР и останатите НАТО мисии на Балканот е исто така значајна.

1

За време на обраќањето, Шефот на НАТО Канцеларијата за Врски во Скопје изрази огромна благодарност до Владата на Република Северна Македонија за доброто лидерство и брзината во спроведувањето на реформите во насока на НАТО членството на државата. Полк. Јанковиќ го потенцираше и огромниот придонес на државата во НАТО мисии и операции како што се ИСАФ мисијата и од неодамна КФОР мисијата.
Учесниците покажаа особен интерес преку поставување на прашања и развивање на успешна дискусија во вториот дел од предавањето.

НАТО Академијата 2020 вклучува 45 млади учесници (студенти и млади професионалци), државјани на Република Северна Македонија, 16-35 години, од различни Универзитети и институции во државата и од странство.

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

5

 

Публикации

youth empowerment