Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Работилница: „Кон поголема онлајн писменост кај младите во Република Северна Македонија“
Работилница: „Кон поголема онлајн писменост кај младите во Република Северна Македонија“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 Ноември 2020 08:09

На 20 ноември 2020 година се спроведе виртуелна работилница на тема „Кон поголема онлајн писменост кај младите во Република Северна Македонија “на која учествуваа над 35 учесници од релевантното јавно и граѓанско општество. Оваа работилница беше организирана од страна на претставници на C3I во соработка со фондацијата Конрад-Аденауер и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

6

Г-дин Илија Џугуманов од Претседателството на АТА беше говорник од невладиниот сектор и модератор на вториот панел, додека г-ѓа Дина Арнаут, Координатор за Социјални Медиуми на ЕАЦМ беше модератор на дискусијата во третиот панел.

Меѓу другите, учество земаа претставници од Владата, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, општина Велес, претставници на медиумите - Нова Македонија, претставници на советите на родители - Велес и претставници на невладиниот сектор.

2

3

На работилницата, C3I ги презентираше резултатите од обемното истражување во кое учествуваа над 100 испитаници. Главна цел на оваа работилница беше презентирање на резултатите од истражувањето за онлајн писменост кај младите во Република Северна Македонија; да се развие форум за опасностите што ги демнат младите / средношколци на интернет; да ја препознае улогата на државните органи и локалните власти како одговорни за подигнување на свеста кај младите за потребата од онлајн писменост како важен сегмент од борбата против опасностите на Интернет; да ја разбере улогата на граѓанскиот сектор во подигање на свеста за потребата од онлајн писменост; да ја препознае улогата на родителите и советите на родители во подигнувањето на свеста за потребата од онлајн писменост; да ги разгледаат ставовите на младите средношколци за тоа како тие можат поефикасно да ги разберат интернет опасностите и кои методи би биле корисни за создавање на онлајн писмена младина и да предложи рамка и препораки до клучните актери за подигање на свеста кај средношколците за опасностите на интернет и интернет писменоста, како дел од градењето младина, отпорна на овие опасности.

4

5

Студенти од НАТО Академијата 2020 присуствуваа на овој веб-семинар и покажаа значителен интерес за оваа тема. Работилницата имаше позитивен фидбек од сите учесници, кои ја оценија како многу корисна и резултираше со многу заклучоци и предлози што ќе се користат на идните работилници.

1

8

7

 

 

 

Публикации

GLOBSEC Trends 2020