Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|8ма НАТО Студентска симулација: Обезбедување на светот во несигурни времиња
8ма НАТО Студентска симулација: Обезбедување на светот во несигурни времиња PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 Декември 2020 13:07

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија предводен од успехот и интересот на студентските симулации настани од сличен карактер во земјата, на 18ти декември 2020 година, по осми пат ја организираше традиционалната НАТО студентска симулација, оваа година на тема: „Обезбедување на светот во несигурни времиња“

1

На овој младински настан, студенти и млади професионалци симулираа самит на НАТО Алијансата, превземајќи улоги на шефови на држави и влади, претставници на партнерски меѓународни организации (ЕУ и ООН) и претставници на медиумите. Настанот имаше високо образовен карактер поради тоа што им овозможи на учесниците поблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат со фокус на теми како што се: зголеменото воено присуство на Русија, новиот НАТО2030 Концепт, подемот на Кина на светската сцена, неконвенционални безбедносни закани, предизвиците од пандемијата со КОВИД-19 и останати глобални предизвици и закани.

2

Учесници на симулацијата беа студенти и млади професионалци, кои беа соодветно подготвени за симулацијата да ги претставуваат земјите членки на НАТО и претставниците на меѓународните организации и медиумите. За првпат, на оваа симулација официјално беше претставена Република Северна Македонија како триесета членка на Алијансата и воедно беше земја домаќин на овој Самит.

6

Симулацијата беше отворена од страна на г. Илија Џугуманов, Претседателот на младите на Евро-Атлантскиот Совет (ЈАТА Македонија), а претседавач на овогодинешната симулација, во улога на Генерален Секретар на НАТО беше г-ѓа Јуџина Сотири Џони, Претседателка на Светската ЈАТА од Брисел.

7

4

По завршувањето на презентациите по правилата на НАТО, учесниците покажаа особен интерес, дискутираа, дебатираа и се согласија за усвојување на Декларацијата од Самитот во Скопје во која беа содржани идните чекори на Алијансата во однос на предизвиците со кои се соочува.
НАТО Симулацијата вклучи 35 млади учесници (студенти и млади професионалци) од неколку земји од светот, а беше оддржана преку ZOOM платформата, во согласност со препораките.

Овој проект е поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

3

5

 

Публикации

GLOBSEC Trends 2020