Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ARW Охрид 2021 година
ARW Охрид 2021 година PDF Печати Е-пошта
Петок, 22 Октомври 2021 13:16

Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија, во соработка со Атлантскиот Совет на Босна и Херцеговина, организираше напредна истражувачка работилница (ARW) поддржана од програмата на NATO SPS со наслов: „Практична примена на напредни технологии за подобрување на безбедносните и одбранбените капацитети: перспективи и предизвици за Западен Балкан“.

1

Поради ограничувањата предизвикани од КОВИД -19 пандемијата, работилницата се одржа во хибриден формат со физичко присуство на основниот тим во хотелот „Силекс“ во Охрид и предавања кои се одржаа целосно преку интернет, од 14 до 17 октомври 2021 година.

Главната цел на овој ARW беше да ги истражи примарните апликации на напредна технологија (вклучувајќи вештачка интелигенција и автономна технологија) за безбедносни и одбранбени цели; да се подигне свеста и разбирањето меѓу клучните засегнати страни за практичните потенцијали и клучните предизвици за имплементација на напредната технологија, со крајна цел зајакнување на безбедносните системи на Западен Балкан, како и поставување на основите за регионална соработка помеѓу јавните институции, академијата и приватниот сектор.

Настанот се состоеше од предавања и сесии за дискусија замислени како работилница со модератор. Во таа насока, настанот обедини 15 говорници кои се познати експерти и познавачи од областа на техничките и општествените науки, кои во оваа прилика се осврнаа на најновите трендови, како и на техничките, стратешките и правните аспекти на новата и иновативна технологија. На На настанот присуствуваа повеќе од 60 учесници од земји-членки на НАТО и две НАТО партнерски држави.

Ко-директори на овој настан беа г-дин Илија Џугуманов, Генерален Секретар на АТА Северна Македонија и д-р Дијана Гупта, Претседател на Атлантскиот Совет на Босна и Херцеговина.

Официјалното отворање и 4-дневниот ARW беше модерирано од ко-директорот на проектот, г-дин Илија Џугуманов, Генерален Секретар на Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија. Како ко-директор на настанот, г-дин Џугуманов имаше воведно обраќање и ја истакна важноста на регионалната соработка во оваа област. Како што рече, постојат бројни предизвици за военото раководство во земјите од Западен Балкан во контекст на брзите случувања кои бараат важни чекори од НАТО и од земјите партнери во прилагодувањето на нивните капацитети на барањата на новата безбедносна реалност.

2

Настанот започна со видео обраќање на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г -дин Зоран Заев. Тој ја истакна важноста од зајакнување на безбедносните капацитети на земјата, како и потребата од примена на напредни технологии во заштитата од хибридни закани. Премиерот додаде дека е многу важно да се работи активно во оваа област за поголема безбедност во регионот.

На настанот видео обраќање имаа и г-дин Џејмс Апатурај, Заменик Помошник Генерален Секретар на НАТО за политички прашања и г-дин Исмет Рамадани, Претседател на Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

3

Г-дин Апартурај истакна дека НАТО ќе преземе храбри чекори во усвојувањето на кохерентна стратегија во однос на употребата на технологии за заштита на безбедноста на своите земји-членки. Меѓу другото, Апартурај истакна дека програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ е доказ за посветеноста на НАТО кон науката.

4

Во своето видео обраќање г-дин Рамадани истакна дека Евро - Атлантскиот Совет на Северна Македонија долги години работи на промовирање на евроатлантските вредности во државата. Тој објасни зошто оваа напредна работилница е добра можност да се запознаат новите технологии и современите предизвици. Тој, исто така, посочи дека е вистинско задоволство да се слушаат предавања од еминентни експерти, како што се присутните на оваа работилница.

Предавањата ги најави Раководителот на Програмата SPS на НАТО, д-р Дениз Бетен. Во таа насока, г-ѓа Бетен најави воспоставување на нов стратешки концепт во сите области до следниот Самит на НАТО. Овој стратешки концепт ќе стави силен акцент на науката, како и промовирање на нато тражување, рече д-р Бетен.

5

Првото предавање го одржа Раководителот на Одделот за Политика на Податоци на НАТО, д-р Николаос Лутас, кој се осврна на пристапот на НАТО кон употребата на вештачката интелигенција и истражувањето на информациите. Во оваа насока, г-дин Лутас ја појасни стратегијата за „Технологија која се појавува и вознемирува“. Лутас ја објасни важноста на „Покана за одбрана - Акцелератор за Северен Атлантик (ДИАНА)“ и неговата важност за поголема соработка меѓу НАТО и приватниот сектор, невладините организации и другите институции вклучени во научното истражување.

6

Следен предавач беше Бригадниот Генерал д-р Методи Хаџи - Јанев од Воената Академија „Генерал Михајло - Апостолски“ од Скопје. Тој зборуваше за политичките и стратешките ставови за влијанието на вештачката интелигенција врз воено-политичкото раководство и носителите на одлуки. Меѓу другото, Хаџи - Јанев се осврна и на дигиталната трансформација предизвикана од новите технологии и нивното влијание врз општествата.

7

Мајор Ден Озборн, од Националната Служба на Армијата на САД , зборуваше за правните и етичките аспекти на употребата на автономно оружје и вештачката интелигенција. Тој даде детално објаснување за техничките аспекти на споменатата стратегија.

8

Претставничката на Европскиот Парламент, г -ѓа Мартина Хесе зборуваше за развојот на автономните технологии и предизвиците, но и можностите за земјите од Западен Балкан во оваа насока. Таа посочи дека веќе се работи на развивање дополнително законодавство во рамките на ЕУ и дека НАТО тесно соработува со Унијата за регулирање на употребата на вештачка интелигенција.

9

Деканот на Воената академија „Генерал Михајло - Апостолски“ Скопје, проф.д-р Митко Богданоски зборуваше за злоупотребата на современите технологии и вештачката интелигенција за стратешки цели. Тој ја објасни зависноста од електронските уреди и опасноста од сајбер-напади, кои, според него, може да му нанесат најголема штета на општеството. Богданоски истакна и дека Кина и Русија сакаат да покажат дека не само што можат да се справат со вакви сајбер-напади, туку имаат капацитет да извршат такви напади, за разлика од САД кои не го користат сајбер-просторот за такви цели.

11

Г-ѓа Ан Валијатага од НАТО CCD COE, зборуваше за корелацијата помеѓу достапните сајбер способности и автономните системи, како и за предизвиците и пречките кои постојат во таа насока.

16

Г-дин Алан Брил, Постар Извршен Директор и основач на Kroll, имаше предавање во насока на тоа што може да тргне наопаку во примената и практикувањето на технологии со вештачка интелигенција. Брил наведе голем број примери кои се применети и кои може да се покажат како успешни, но и примери кои покажале неуспех.

10

Следното предавање беше на г-дин Ашок Васеашта, главен истражувач и Претседател на Институтот Clearwater, САД и Професор на Техничкиот Универзитет во Рига и Универзитетот во Трансилванија во Брашов. Васеашта зборуваше за машинско учење и употреба на напредни технологии во зајакнувањето на способностите за сајбер заштита. Тој посочи дека сега „бојното поле“ е повеќедоменско и ја нагласи големата важност на потребата од силна физичка инфраструктура потребна за информатичките технологии и нивната важност во општествениот домен.

12

Вториот ден од ARW заврши со уште едно предавање на д-р Алан Брил, на тема „Еволуцијата на хибридните сајбер напади: реалности и реакции“ . За време на неговото второ предавање, д-р Брил посочи дека ако се претпостави дека фокусирањето на вниманието кон јавниот сектор како извор на најмногу информации за сајбер заканите е кратковидно, бидејќи јавниот сектор зависи од приватниот сектор како добавувачи во областа на комуникацијата, транспортот и финансиите.

13

На третиот ден, Бригадниот Генерал д-р Методи Хаџи - Јанев во своето предавање се осврна на предизвиците во меѓународното право во областа на употреба на автономните технологии и автономните вооружени системи.

Г-дин Џејсон Вајсман, пратеник во Европскиот Парламент, одржа предавање за перспективите на јавно-приватните партнерства во развојот на вештачката интелигенција. Вајсман го објасни и пристапот на ЕУ кон јавниот сектор во користењето на вештачката интелигенција во одбраната, како и стратегијата на Европската Комисија за вештачка интелигенција. Тој посочи дека Европската Комисија во следниот период уште поголем акцент ќе стави на „јавно-приватната“ соработка во развојот на вештачките технологии.

18

Г-ѓа Анет Нума од Е-Естонија зборуваше за искуствата на Естонија во процесот на дигитализација, употребата на вештачка интелигенција и соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. Таа објасни како во Естонија акцентот е ставен на професионален развој и обука, компјутерска и интернет политика за секого, поедноставена процедура за основање компанија, употреба на вештачка интелигенција во владини служби итн.

15

Д-р Лаура Питман, од Факултетот за сајбер безбедност на Универзитетот Доминион, ја затвори работилницата со своето предавање на кое зборуваше за конфликтот помеѓу правните и етичките аспекти во употребата на вештачката интелигенција во хибридното војување. Питман укажа на многу случаи кога имало традиционална употреба на вештачка интелигенција во хибридни напади, но се осврна и на водење на нетрадиционална војна, дипломатски проблеми кои се појавиле или ќе се појават, како и проблеми кои произлегуваат од одмазда.

17

Последниот ден од оваа работилница беше посветен на сумирање на сработеното и доделување благодарници и сертификати на говорниците и учесниците.


 

Публикации

3natosim