Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: НАТО АКАДЕМИЈА 2022
ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: НАТО АКАДЕМИЈА 2022 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 Април 2022 10:25

banner site

Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија воден од огромниот интерес и успех на првите две НАТО академии, и поттикнат од општиот интерес за младинските проекти и активности на организацијата, ја организира:

Третата НАТО Академија 2022

Главната цел на НАТО Академијата 2022 е да направи значителен придонес кон интеграциските процеси и воедно да ги засили реформите и правните реформи преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да креира платформа за дебата и дискусија.

Академијата ќе биде од едукативен и информативен карактер и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите да станат запознаени со темите како што се НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика. Оваа 15 неделна Академија ќе покрива области од безбедноста, одбраната и евро-атлантските процеси, улогата и начинот на функционирање на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни мисии, родовите аспекти кај одбраната и теми поврзани со безбедносните закани на денешницата како што се сајбер и хибрид заканите, но и последните случувања во Украина.

Кои се придобивките?

Учесниците ќе се здобијат со теоретско и практично знаење во повеќе области како што се НАТО, безбедност, одбрана и дипломатија; тие ќе имаат можност да присуствуваат на предавања на горенаведените теми и да учествуваат во дебати и дискусии. Доколку е возможно, со оглед на ситуацијата и рестрикциите предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, учесниците исто така ќе бидат дел и од неколку студиски посети каде што ќе добијат информации, ќе зборуваат лице-в-лице со членови на Армијата и високи претставници од Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија, но и други институции, каде што ќе се запознаат со основните одговорности и обврски на Армијата. Успешното завршување на Акаедмијата ќе биде наградено со Сертификат, а најактивните учесници ќе добијат можност за директно учество во идни младински активности.

Услови – критетиуми за учество

Учесниците треба да се:
- Ученици од средно образование или студенти на додипломски или мастер студии;
- Помеѓу 16 – 30 годишна возраст;
- Државјани на Република Северна Македонија;
- Заинтересирани за областите на безбедност, меѓународни односи, ЕУ и НАТО.

Сите потребни материјали за подготовка на апликантите, насоки и комуникациска стратегија ќе бидат навремено обезбедени, од страна на претставници на Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати, треба да аплицираат онлајн на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 03 мај 2022 (вторник) до 14:00h, со наслов на е-маилот “Апликација за НАТО Академија2022”. Дополнително, треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо за учество (до 300 збора).
Поради ограничените капацитети на Акадамијата, апликациите ќе бидат прифаќани според принципот прв пријавен - прв примен, испратете ја Вашата апликација во што пократок рок. Доколку имате потреба од дополнителни информации, контактирајте ја Канцеларијата на Евро- Атлантскиот Совет на Северна Македонија на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Академијата официјално ќе започне во мај.

Третата НАТО Академија 2022 е спонзорирана од НАТО Одделот за Јавна Дипломатија.

nato logo

*Важно известување: Поради непредвидливоста на околностите предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија го задржува правото да ја преиначи природата на НАТО Аакдемијата 2022 од физичко во онлајн присуство во секое време.

za kolaz

 

Публикации

3natosim