Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус
Рамадани на Јавниот форум на НАТО во Вилнус PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 Јули 2023 09:19

На 11-12 јули 2023 година, шефовите на држави и влади на НАТО ќе се сретнат во Вилнус Литванија, на Самитот на НАТО, за да се осврнат на предизвиците за сегашната безбедносна состојба. Три нови одбранбени планови и пакет за приближување на Украина се очекува да бидат усвоени на Самитот.

IMG 0137

По тој повод, НАТО го организира Јавниот форум на НАТО 2023, во соработка со Центарот за студии за Источна Европа, Германскиот Маршалов фонд на САД, Минхенската безбедносна конференција и Атлантскиот совет.

Форумот е дводневна експертска конференција која има за цел да промовира подобро јавно разбирање за политиките и целите на НАТО и одлуките што треба да бидат усвоени на Самитот во Вилнус, преку дијалог и ангажман со единствена и разновидна група засегнати страни, од шефовите на држави/влади и министрите, до меѓународните безбедносни експерти, креаторите на мислење и политики, академици, новинари и млади луѓе, во серија панел-дискусии, дебати и интерактивни сесии на различни теми од агендата на НАТО.

Евроатлантскиот совет на Северна Македонија го претставува неговиот претседател, г-дин Исмет Рамадани, кој е на лице место во Вилнус, Литванија.

 

Публикации

3natosim