Вести:
Tools
You are here: Почетна|Прашајте не
Прашајте не PDF Печати Е-пошта
Среда, 25 Август 2010 13:46

Што е НАТО?

Организацијата на Северно-Атлантскиот Договор (НАТО) е алијанса на 28 земји од Северна Америка и Европа посветени на исполнување на целите од Северно – Атлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949.

Според овој договор, основната улога на НАТО е да ја штити слободата, заедничкото наследство и цивилизациските вредности на своите народи, засновано на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеење на правото.

Кој е основниот принцип врз кој НАТО функционира?

Основниот принцип врз кој НАТО работи е консензусот. Тоа значи дека сите одлуки мора да бидат донесени едногласно. Сите земји-членки мора да се согласат за мерките кои треба да се преземат или за работите кои треба заеднички да се усвојат. Овој принцип строго се почитува.

Кои се главните органи на НАТО?

Главните органи на НАТО се:
-    Генерал секретар кој се избира еднаш во четири години. Сегашен генерал секретар е Anders Fogh Rasmussen.
-    Северно – Атлантскиот Совет составен од постојани претставници од секоја земја членка кој се среќава еднаш неделно и има задача да донесува одлуки.

Кои се условите за членство во НАТО? Кои земји можат да се приклучат?

НАТО има политика на отворени врати во поглед на проширување. Сите европски земји кои се во состојба да ги усвојат принципите на Вашингтонскиот Договор и да придонесат кон безбедноста на Евро-Атлантската област може да станат членки на Алијансата по добиената покана од Северно-Атлантскиот Совет.
Земјите кои сакаат да бидат дел од НАТО треба да исполнат одредени политички, економски и воени цели за да се осигура дека ќе придонесат кон Алијансата, но и ќе имаат корист од неа.

Кои се официјалните јазици на НАТО?

Двата официјални јазика на НАТО се англиски и француски.

Каде е главното седиште на НАТО?

Главното седиште на НАТО е во Брисел на:


NATO Headquarters
Blvd. Leopold III
1110 Brussels, Belgium
www.nato.int

 

Публикации

simulacija5