Вести:
Tools
Студиска посета на студенти од Италија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 02 Април 2012 00:00

На 25 мај 2010 година, група студенти од Италија предводени од професор Стефано Пилото, д-р по историја на меѓународни односи и член на Извршниот одбор на АТА Италија пристигнаа во Македонија, за втората фаза од нивната посета на балканскиот регион.

Како дел од нивната посета на Македонија, тие се сретнаа со претседателството на ЕАСМ. Групата беше примена од страна на Претседателот Лазар Еленовски, кој зборуваше за неколку клучни аспекти од историјата и политиката на Република Македонија и процесот на евро-атлантска интеграција на земјата.

На гостите им се обрати и потпретседателот на ЕАСМ, Исмет Рамадани и имаа можност за сесија со прашања и одговори за областите кои беа од нивен интерес поврзани со работата на ЕАСМ и нејзината мисија.

 

 

Публикации

INTER