75-ти Рос Рот семинар Печати
Понеделник, 02 Април 2012 00:00

75-ти рос рот семинар - Југоисточна Европа: креирајќи го новиот моментум“, 19-21 октомври 2010, Скопје

Во периодот 19-21 октомври делегација на Младината на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија  присуствуваше на 75-от Рос-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО. 
На Семинарот присуствуваа околу 140 учесници вклучувајќи и 48 членови на Парламентарното Собрание на НАТО, земјите партнери на НАТО, владини претставници, еминентни експерти, меѓународни организации и академици. Семинарот  ги опфати  прашањата за реформите на Западен Балкан и улогата на НАТО во овој регион по Лисабонскиот Самит.

Во рамките на семинарот претседателот на ЕАСМ се обрати на сесијата наменета за перспективите на регионот во поглед на идната безбедносна архитектура. Делегацијата на ЕАСМ покрај раководството на Младината на ЕАСМ ги вклучи и членовите на Извршната Канцеларија на ЕАСМ.